Sunday, May 24, 2015

Најава: Хул Сити- Манчестер Јунајтед


Стигнавме и до самиот крај на Премиер Лигата- последно коло. Веќе 4-тата позиција на табелата е резервирана за нас, но зошто да не ја завршиме сезоната со победа?

Ова ќе биде само 28-ти меѓусебен дуел помеѓу овие два ривала. Потполна доминација на Манчестер Јунајтед. Од досегашните 27 одиграни средби дури 19 имаат добиено „црвените ѓаволи",  3 натпревари завршиле нерешено и само 5 пати се радувале играчите на Хул.

На последната победа и нерешено ретко кој се сеќава. Последен пат играчите над Хул Сити се радавуле над Манчестер Јунајтед на 23 Ноември во далечната 1974 година на овој стадион во рамките на тогашната Англиска девизија 1. Последното нерешено пак е од уште поодавна. На 2 Мај 1936. Од тогаш до денес сите меѓусебни дуели помеѓу овие два тима имаат победник.

На 15 Март 1924, Хул Сити и Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд одиграа натпревар кој заврши 1-1 во рамките на тогашната Дивизија 2. На 12 Јануари 1952 во рамките на Фа Купот на Хул го победи Манчестер Јунајтед со 0-2. Ова се и единствените 2 натпревари кои се одиграле на Олд Трафорд а не завршиле со победа на Манчестер Јунајтед.

Досега се одиграни 7 натпревари помеѓу Хул и Манчестер Јунајтед во рамките на Премиер Лигата и сите 7 натпревари ги има добиено тимот на Манчестер Јунајтед.

Најголемата победа на Манчестер Јунајтед над денешниот противник им е на двапати по 5-0, додека обратно е со резултат 4-1.

Што се однесува до составот Вејн Руни ќе биде спремен за овој натпревар. Де Геа е неизвесен.

Можен состав:
Валдес, Валенсија, Смолинг, Рохо, Блинд, Фелаини, Херера, Ди Марија, Мата, Јанг, Руни

Стадион: КЏ Стадион
Судија: Ли Проберт

Овој натпевар како и сите останати од Премиер Лигата од ова последно коло се закажани за 24 Мај 2015 од 16:00 часот по македонско време

Saturday, May 16, 2015

Најава: Манчестер Јунајтед-Арсенал

Дојдовме и пред самиот крај на сезоната. Предпоследно коло, но големо Англиско дерби. Битка за третата позиција, иако Арсенал ја има целата судбина во свои раце, Ван Гал најави борба до самиот крај за треттата позиција.

Ове ќе биде точно 222 средба помеѓу овие два тима. Досега 95 пати се радувале играчите на Манчестер Јунајтед, 46 средби завршиле нерешено и 80 пати се радувале играчите на Арсенал.

Во Премиер Лигата пак досега се одиграле точно 43 средби. Манчестер Јунајтед се радувале 21 пат, 11 натпревари завршиле нерешено, исто толку и Арсенал има победи.

Првиот меѓусебен натпревар се одиграл на 13 Октомври 1894 во рамките на тогашна Дивизија 2 и завршил со резултат 3-3, додека последниот се одигра на 9 Март 2015 и заврши 1-2 во полза на Арсенал.

Најголемата победа на Манчестер Јунајтед над Арсенал е оној добро познатиот натпревар кој заврши 8-2, додека најголемата победа на Арсенал над Манчестер Јунајтед е со резултат 5-0.

Што се однесува до нашиот состав Ван Гал нема да може да смета на Рафаел, Керик кои се аут до крајот на сезоната, Исто така нема да настапат ни Вејн Руни ни Лук Шо поради повреди, а неизвесни се и Џони Еванс и Маркос Рохо,

Можен состав:
Де Геа, Валенсија, Џонс, Смолинг, Јанг, Блинд, Ди Марија, Мата, Хелаини, Ван Перси, Фалкао

Стадион: Олд Трафорд
Судија:Мајк Дин
Натпреварот е закажан за 17 Мај 2015 за 17 часот по македоско време

Friday, May 8, 2015

Најава: Кристал Палас-Манчестер Јунајтед

 
Нов натпревар кој може да ни ги отвори вратите кон Лигата на Шампионите за догодина, но пречка за такво нешто е тимот на Кристал Палас.

Овие два тима досега имаат одиграно само 46 натпревари. Манчестер Јунајтед има 29 победи, Кристал Палас 7 и 10 натпревари завршиле без победник.

Досега пак се одиграле 11 средби од Премиер Лигата. Од кои 9 пати се радувале играчите на Манчестер Јунајтед, 2 натпревари завшиле нерешено и ниту еднаш не се радувале Кристал Палас.

Првиот меѓусебен дуел помеѓу овие два тима се одиграл на 26 Август 1922 година и завршил со победа на Манчестер Јунајтед од 2-1. Последниот натпревар пак помеѓу овие два тима се одигра на 8 Ноември 2014 и заврши 1-0.

Најголемата победа на Манчестер Јунајтед над Кристал Палас е со резултат 5-1, натпревар одигран на 12 Април 1924. Додека најголемата победа на Кристал Палас над Манчестер Јунајтед е со резултат 5-0. Натпревар одигран на 16 Декември 1972 на овој стадион. 

Што се однесува до составот на Манчестер Јунајтед. Керик нема да може да настапи до крајот на сезоната, истото важи и за Рафаел.Неизвесни се и Рохо и Блинд останати би требало да се спремни.

Можен состав:
Де Геа, Валенсија, Смолинг, Мек Неир, Јанг, Фелаини, Мата, Руни, Ди Марија, Ван Перси

Стадион: Селхурст Парк
Судија: Мајкл Оливер
Натпреварот е закажан за 10 Мај 2015 за 18:30 часот по македонско време

Saturday, May 2, 2015

Најава: Манчестер Јунајтед-ВБА

 
По двете неуспешни гостувања кај Челзи и Евертон следува натпревар на Олд Трафорд, противник е тимот на Вест Бромич Албион.

Манчестер Јунајтед оваа сезона игра одлично на својот Олд Трафорд. 14 победи 2 нерешени и само еден пораз е билансот на ,,црвените ѓаволи" на натпреварите одиграни на Олд Трафорд оваа сезона.

Ова е 127 меѓусебен натпревар помеѓу овие два тима. Досега ВБА има 41 победа над Манчестер Јунајтед, 32 натпревари завршиле без победник и 53 пати се радувале играчите на Манчестер Јунајтед.

Во Премиер Лигата ситоацијата е сосема поинаква. Се одиграле досега 17 средби од кои Манчестер Јунајтед се радувале дури 12 пати, 4 натпревари завршиле нерешено и само еднаш се радувале играчите на ВБА.

Првиот натпревар помеѓу овие два тима се одиграл на 1 Октомври 1892 и завршил со резултат 0-0, додека последниот меѓусебен натпревар помеѓу овие два тима се одигра на 20 Октомври 2014 и заврши со резултат 2-2.

Најголемата победа на Манчестер Јунајтед над ВБА е со резултат 7-0 и се одиграл на 8 Април 1970 година на Олд Трафорд. Најголемите победи на ВБА пак над Манчестер Јунајтед се со 4 гола разлика. 

Што се однесува до составот на Манчестер Јунајтед Ван Гал истакна дека Руни и Џонс ќе бидат фит за денешниот натпревар. Повредени се Џони Еванс, Лук Шо и Мајкл Керик. Ван Гал нема да може да смета ни на бразилецот Рафаел Да Силва за кого сезоната е завршена поради повреда на реброто.

Можен состав:
 Де Геа, Валенсија, Смолинг, Џонс, Јанг, Блинд, Мата, Херера, Фелаини, Ди Марија, Руни

Стадион: Олд Трафорд
Судија: Ентони Тејлор
Натпреварот е закажан за 2 Мај 2015 за 18:30 часот по македонско време