Saturday, April 24, 2021

112 години Манчестер Јунајтед

 


112 години Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед како клуб има богата историја исполнета со многу добри и лоши моменти кои засекогаш ќе останат врежани како дел од идентитетот на овој клуб. Ние како негови навивачи сме привилегирани, но и делумно обврзани да бидеме запознаени со дел од овие најважни моменти од неговата историја.

За тие од вас кои ги интересира историскиот дел на клубот, сигурно знаат дека Јунајтед своето денешно име го добива на денешен ден во 1902 – та година, а тоа значи дека оваа година клубот слави 112 години постоење и функционирање под името Манчестер Јунајтед. Во овој пост ќе ги прикажеме причините и најважните детали од овој важен момент во клупската историја.

На почетокот од 20 – иот век Њутон Хит претставува неатрактивен тим кој е дел од Втората Дивизија, финансиски немоќен клуб со некомпетентна управа. Тоа претставувало тежок период кој ни од блиску не ги исполнувал финансиските квоти за успешно функционирање како таков. Главниот финансиски прилив бил од наплатата на влезните билети за мечевите на клубот, но тие ни од блиску не биле доволни за нормалното работење, а да не зборуваме за привлекување на некои од подобрите играчи од лигата.

Тогашен капитен на клубот е Хери Стафорд, кој историјата ќе го запамети како човекот кој неуморно, освен на теренот, се борел и за опстојувањето на клубот преку разни акции на кои се правеле обиди за собирање на средства кои потоа биле донирани во клубот. Како голем љубител на животни, Стафорд во своја сопственост го имал бернандинецот Мејџор, кој за време на натпреварите шетал низ публиката со лимена корпа закачена околу неговиот врат во која навивачите донирале пари кои потоа Мејџор ги носел кај својот сопственик, а овој ги донирал во клупската каса. Мејџор бил толку популарен што дури на некои фотографии од тој период може да се види заедно со тимот (види главна слика).

Во февруари 1901 – та година клубот запаѓа во уште потешка финансиска состојба, па Стафорд смислува нов план како Њутон Хит да ги добие потребните 2670 фунти колку што бил и клупскиот долг, а поради кој Њутон Хит би можел да банкротира. Тој организира еден вид на саем на Сент Џејмс Хол во Манчестер каде се продаваат разни продукти, а профитот оди директно за клубот, додека пак Мејџор е пуштен да шета низ целиот град со надеж дека ќе собере доволно донации од граѓаните на Манчестер.

Денот се покажува како катастрофален. Најпрво, поради фактот ни од блиску не биле собрани доволно средства како што се очекувало и второ шетајќи низ градот се губи секаква трага на Мејџор. По неколку дена во еден од локалните весници во Манчестер се појавува напис дека е пронајден бернандинец во еден од пабовите на Пиварата од Манчестер. Тој паб е во сопственост на Џон Хенри Дејвис кој воедно е и сопственик на Пиварата, а Мејџор бил токму такво куче какво на подарок сакала да добие ќерката на Дејвис. Сепак, Хери Стафорд доаѓа во пабот во потрага по Мејџор и тогаш се случува еден од најважните моменти во историјата на клубот. Стафорд и Дејвис се договараат дека тој ќе вложи пари во клубот да му помогне да излезе од тешката финансиска состојба, додека за возврат Стафорд ќе му го отстапи Мејџор на Дејвис.

Профилот на Дејвис велел дека се работи за исклучително финансиско моќна индивидуа. Иако, тој премногу не бил вклучен во спортските активности, сепак го сакал спортот како активност која земала се поголем замав во тогашното општество. Од тој момент Дејвис ги презема сите конци во клубот во свои раце. Првото нешто за кое е тој заслужен секако е отплатата на сите долгови на клубот и менување на клупските бои од жолта и зелена во црвена и бела.

Освен веќе настанатите промени Дејвис сметал дека името на клубот треба да биде променето, бидејќи Њутон Хит повеќе од десет години не ги играл своите натпревари во истоимената населба во градот. На 24 – ти април 1902 година се случува состанок на директорите на клубот, претставници на фановите и останатите заинтересирани страни за да се дискутира за овој предлог. Промената на името била прифатена, па следна точка на дневниот ред била да се избере конкретното ново име на клубот.

Прв предлог бил Манчестер Селтик, кој по кратка дискусија бил отфрлен. Вториот бил Манчестер Централ, но и овој предлог бил отфрлен поради тоа што присутните сметале дека таквото име повеќе наликува на назив на железничка станица отколку име за фудбалски клуб. Тогаш еден 19 годишен фан по име Луис Рока од позадина го предложил името Манчестер Јунајтед, коe им се допаднало на присутните и решиле клубот да го добие тоа име кое трае до денес.

Од тој ден Њутон Хит се заменува со Манчестер Јунајтед. Останатото е историја…

http://www.manchesterismyheaven.com

 

Следете не на: 


Facebook:
https://www.facebook.com/MANCHESTER.UNITED.MACEDONIA.FAN

instagram: https://www.instagram.com/manchesterunitedmacedonia/



Јунајтед го бара 4-тиот херој

 

Манчестер Јунајтед со 20 титули во домашното првенство е моментално најтрофејниот клуб во Англија тоа сите го знаеме. Но дали сте знаеле дека сите 20 трофеи ги имаат освоено само тројца тренери? 

За тоа што го држиме првото место во Англија сите знаеме дека најзаслужен е Сер Алекс Фергусон овде нема дилеми. Тој од 20 титули има освоено дури 13 овде нема дилеми. Сите знаеме и дека Фергусон титулите со Манчестер Јунајтед ги има освоено во период од 1993 па се до 2013. Значи толку титули колку има освоено Фергусон имаат освоено само два клуба и тоа во целата нивна историја тоа се Арсенал со 13 и Ливерпул со 18 титули. 

Пред Фергусон нашата огромна тренерска легенда Сер Мет Базби има освоено 5 титули во период од 24 годишно владеење. Но периодот од последната титула на Сер Мет Базби во кариерата до првата титула на Сер Алекс Фергусон е 26 години. Што претставува огромен временски период без освоена титула, за време на тој период поточно во сезоната 1974/75 Манчестер Јунајтед беше принуден да игра во понизок ранк поради тоа што во предходната сезона 1973/74 завршија дури на 21-вото место на табелата. 

Сегашното водство по бројот на освоени титули над Ливерпул го поставил Ернест Мангала, кој во сезоните 1907/1908 и 1910/11 му носи две шампионси титули на Манчестер Јунајтет. Овие две титули се и првите две титули на Манчестер Јунајтед во својата историја. Но разликата помеѓу втората титула на Ернест Мангала до првата титула на Мет Базби е ни помалку ни повеќе 41 година. 

Откако клубот е формиран во 1878 па до првата своја титула клубот чекал цели 30 години. 

Сега по заминувањето на Сер Алекс Фергусон пред две години почнува да се поставува прашањето: 

-,,Дали Манчестер Јунајтед  брзо ќе го најде својот 4-ти херој или за тоа повторно ќе бидат потребни децении." 

Алекс Фергусон за негов заменик го предложи неговиот сонародник ,,Дејвид Мојс" кој се покажа дека не е хеојот што клубот го бара и беше отпуштен. Сега на ред е Луис Ван Гал кој има своено многу титули со многу познати клубови. Но дали тој е 4-тиот херој што го бара клубот или не останува да покаже времето. Но едно е сигурно МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО БАРА СВОЈОТ 4-ТИ ХЕРОЈ. 

Следете не на:  

 Facebook:https://www.facebook.com/MANCHESTER.UNITED.MACEDONIA.FAN

instagram: https://www.instagram.com/manchesterunitedmacedonia/


Првите 15 години од постоењето на клубот(1878-1888)

 


Една од првите слики на ,, Њутан Хит Лир


Во далечната 1878 година работниците од железничката станица Јоркшир и Ленкашир кој работеле во  оделението за превоз и вагон  добиле дозвола од тогашната власт да формираат свој клуб во кој ќе настапуваат самите тие.  На тимот потоа му го дале името ,,Њутан Хит Лир  или во оригинал  ,,Newton Heath LYR”. Последниот збор ,,Лиртимот го добил само за да се разликува од предходно формираниот клуб ,, Њутан Хит Локо кој го сочинувале нивните колеги од дивизијата за погон. На почеток овој клуб играл со други одделенија од нивната компанија или со други железнички компании. Клубот бил финансиран од страна на железничкото претпријатие кои плажале закуп за домашниот терен.

Првиот амблем на клубот

Во 1879 година клубот ги избира зелената и жолтата боја да бидат бои на клубот.

Првиот официјален пријателски натпревар клубот го игра по 2 години од формирањето односно во 1880 година против ,,Болтон . Нo овој натпревар убедливо го добива тимот на Болтон со резултат 6:0.

Во сезоната 1882-1883 клубот игра 26 пријателски средби со другите познати клубови.

 

 

 

Наредната сезона 1883-1884 клубот станува дел од првенството во Ленкашир. Првиот натпревар  во натпреварување ,,Њутан Хит Лирго игра со резервите на ,,Блегбурн олимписки . Овој натпревар Њутан Хит Лир го губи со резултат 7:2.Оваа сезона се случува интересна ситуација на натпреварот со ,,Хорс Брук олимписки на први Март 1884. Во 30 минута при позитива од 3:1 за тимот на Хорс Брук олимписки , некој од играчите ја шутнал толку силно топката што таа завршила во реката која течела во близина со што овој натпревар бил прекинат поради тоа што немало топка со која да продолжи натпревварот.

Наредната сезона 1884-1885 клубот се приклучува кон Манчестер и Дистрик Челинџ купот. Во првата сезона во која настапува во овој куп,клубот успева да стигне до финалето на овој куп каде бел поразен од Хорс со резултат 3:1.

Во сезоната 1885-1886 клубот стигнува до финалето на Манчестер и Дистрик Челинџ купот воедно и го освојува. Ова воедно е и првиот трофеј на Манчестер Јунајтед во својата историја, но под името Њутан Хит Лир.

Следната сезона клубот почнува да потпишува со играчи на сметка на национална репутација.  Џек Пауел, Џек  Даут, Роџер Даут и Том Бурк се дел од играчите кои пристигнаа. Донесувањето на овие играчи допринесува за повторно освојување на Манчестер и Дистрик Челинџ купот.Оваа сезона е значајна за клубот бидејќи клубот таа година за прв пат настапува се приклучуваат кон Фа купот , но клубот е елиминиран уште во првата рунда. Откако во регуларниот тек одиграле нерешено 2-2 на гости кај Флитвуд Ренџерс, а одбиле да играат продолженија со што автоматски биле елиминирани. По овој натпревар ,,Њутан Хит Лир’’ го бојкотира ФА купот наредните 2 сезони.

Во сезоната 1887-1888 Њутан хит повторо го освојува Манчестер и Дистрик Челинџ купот по победата од 7-1 во финалето на ова натпреварување.



Тимот на Њутан хит со освоениот трофеј во 1888

Наредната сезона се вормира Англиската прва девизија, но играчите сметаа дека не се доволно добри за да се приклучат на неа бидејќи се гледаат себеси премногу слаби во споредба со членовите на девизијата како Блегбурн Роверс или Престон Норд Енд, меѓутоа истата година клубот се до октомври нема пораз. Истата година клубот ги смени клубските бои во црвени и бели.  Таа година повторно успеале да стигнат до финалето на Манчестер и Дистрик Челинџ купот каде биле поразени со резултат 7:0 од Хулеј Хил. А оваа сезона на 16.03.1888 натпреварот на Њутан Хит го следеле повеќе од  2000 навивачи што е рекорден број досега.





Наредната сезона(1889-1990) Њутан Хит Лир поднесе барање за придружување кон фудбалската девизија 1, но тоа било одбиено. Така тие и уште осум други тимови решиле да формираат фудбалка лига која ја нарекле фудбалска алијанса на која Њутан Хит Лир таа сезона завршиле 8-мо пласирани. Истата сезона клубот се враќа во Фа купот, но уште во првата рунда биле поразени со резултат 6:1 од страна на Престон Норд Енд. Но сепак повторно го освојува Манчестер и Дистрик Челинџ купот со победата од 5:2 Ројтон во финалето на ова натпреварување.

Сезоната 1890-1891 клубот е поразен од ,, Ботл  во втората рунда од ФА Купот,  а во фудбалската алијанса биле за едно место послаби од предходната сезона.

Наредната сезона клубот успева да се прогура до 4-тото коло од Фа купот  каде биле поразени од Белкпул со резултат 2-4, а во фудбалската алијанса завршиле на 2-то место што е огромен успех за нив. Ова воедно е и последната сезона на Њутан Хит Лир под ова име од наредната сезона фудбалската алијанса се спојува со фудбалската девизија, а клубот се одделува од железница и го добива името ЊУТАН ХИТ.


                                    Последниот тим на Њутан Хит Лир(1892-1893)

 

 

Сезона

Тренер

Капитен

Најдобар Стрелец

играч

Постигнати голови

1878/79

Непознат

Непознат

Непознат

/

1879/80

Непознат

Непознат

Непознат

/

1880/81

Непознат

Непознат

Непознат

/

1881/82

Непознат

Непознат

Непознат

/

1882/83

Непознат

Е. Томас

Непознат

/

1883/84

Непознат

Сем Блекет

Непознат

/

1884/85

Непознат

Сем Блекет

Непознат

/

1885/86

Непознат

Сем Блекет

Непознат

/

1886/87

Непознат

Сем Блекет

Џек Даут

2

1887/88

Непознат

Џек Пауел

Џек Даут и Роџер Даут

6

1888/89

Непознат

Џек Пауел

Вил Стеварт

10

1889/90

Непознат

Џек Пауел

Роберт Рамси

7

1890/91

Непознат

Џек Пауел

Боб Доналдсон и Алф Фарман

20

1891/92

Непознат

Боб МекФаин

Боб Доналдсон

16

1892/93

А. Х. Албат

Џои Кесиди

Боб Доналдсон

10