http://www.manchesterismyheaven.com
Следете не на:
Facebook:https://www.facebook.com/MANCHESTER.UNITED.MACEDONIA.FAN
instagram: https://www.instagram.com/manchesterunitedmacedonia/
instagram: https://www.instagram.com/manchesterunitedmacedonia/
Манчестер Јунајтед со 20 титули во домашното првенство е моментално најтрофејниот клуб во Англија тоа сите го знаеме. Но дали сте знаеле дека сите 20 трофеи ги имаат освоено само тројца тренери?
За тоа што го држиме првото место во Англија сите знаеме дека најзаслужен е Сер Алекс Фергусон овде нема дилеми. Тој од 20 титули има освоено дури 13 овде нема дилеми. Сите знаеме и дека Фергусон титулите со Манчестер Јунајтед ги има освоено во период од 1993 па се до 2013. Значи толку титули колку има освоено Фергусон имаат освоено само два клуба и тоа во целата нивна историја тоа се Арсенал со 13 и Ливерпул со 18 титули.
Пред Фергусон нашата огромна тренерска легенда Сер Мет Базби има освоено 5 титули во период од 24 годишно владеење. Но периодот од последната титула на Сер Мет Базби во кариерата до првата титула на Сер Алекс Фергусон е 26 години. Што претставува огромен временски период без освоена титула, за време на тој период поточно во сезоната 1974/75 Манчестер Јунајтед беше принуден да игра во понизок ранк поради тоа што во предходната сезона 1973/74 завршија дури на 21-вото место на табелата.
Сегашното водство по бројот на освоени титули над Ливерпул го поставил Ернест Мангала, кој во сезоните 1907/1908 и 1910/11 му носи две шампионси титули на Манчестер Јунајтет. Овие две титули се и првите две титули на Манчестер Јунајтед во својата историја. Но разликата помеѓу втората титула на Ернест Мангала до првата титула на Мет Базби е ни помалку ни повеќе 41 година.
Откако клубот е формиран во 1878 па до првата своја титула клубот чекал цели 30 години.
Сега по заминувањето на Сер Алекс Фергусон пред две години почнува да се поставува прашањето:
-,,Дали Манчестер Јунајтед брзо ќе го најде својот 4-ти херој или за тоа повторно ќе бидат потребни децении."
Алекс Фергусон за негов заменик го предложи неговиот сонародник ,,Дејвид Мојс" кој се покажа дека не е хеојот што клубот го бара и беше отпуштен. Сега на ред е Луис Ван Гал кој има своено многу титули со многу познати клубови. Но дали тој е 4-тиот херој што го бара клубот или не останува да покаже времето. Но едно е сигурно МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО БАРА СВОЈОТ 4-ТИ ХЕРОЈ.
Следете не на:
Facebook:https://www.facebook.com/MANCHESTER.UNITED.MACEDONIA.FAN
instagram: https://www.instagram.com/manchesterunitedmacedonia/
Една од првите слики на ,,
Њутан Хит Лир”
Во 1879 година
клубот ги избира зелената и жолтата боја да бидат бои на клубот.
Првиот официјален
пријателски натпревар клубот го игра по 2 години од формирањето односно во 1880
година против ,,Болтон” . Нo овој натпревар убедливо го добива тимот
на Болтон со резултат 6:0.
Во сезоната
1882-1883 клубот игра 26 пријателски средби со другите познати клубови.
Наредната сезона
1883-1884 клубот станува дел од првенството во Ленкашир. Првиот натпревар во натпреварување ,,Њутан Хит Лир”го игра со резервите на ,,Блегбурн олимписки” . Овој натпревар Њутан Хит Лир го губи со
резултат 7:2.Оваа сезона се
случува интересна ситуација на натпреварот со ,,Хорс Брук олимписки” на први Март 1884. Во 30 минута при
позитива од 3:1 за тимот на
Хорс Брук олимписки , некој од играчите ја шутнал толку силно топката што таа
завршила во реката која течела во близина со што овој натпревар бил прекинат
поради тоа што немало топка со која да продолжи натпревварот.
Наредната сезона
1884-1885 клубот се приклучува кон Манчестер и Дистрик Челинџ купот. Во првата сезона
во која настапува во овој куп,клубот успева да стигне до финалето на овој куп
каде бел поразен од Хорс со резултат 3:1.
Во сезоната 1885-1886 клубот стигнува до финалето на
Манчестер и Дистрик Челинџ купот воедно и го освојува. Ова воедно е и првиот
трофеј на Манчестер Јунајтед во својата историја, но под името Њутан Хит Лир.
Следната сезона
клубот почнува да потпишува со играчи на сметка на национална репутација. Џек Пауел, Џек
Даут, Роџер Даут и Том
Бурк
се дел од играчите кои пристигнаа. Донесувањето на овие играчи допринесува за
повторно освојување на Манчестер и Дистрик Челинџ купот.Оваа
сезона е значајна за клубот бидејќи клубот таа година за прв пат настапува се
приклучуваат кон Фа купот , но клубот е елиминиран уште во првата рунда. Откако
во регуларниот тек одиграле нерешено 2-2 на гости кај Флитвуд Ренџерс, а одбиле
да играат продолженија со што автоматски биле елиминирани. По овој натпревар
,,Њутан Хит Лир’’ го бојкотира ФА купот наредните 2 сезони.
Во сезоната
1887-1888 Њутан хит повторо го освојува Манчестер и Дистрик Челинџ купот по
победата од 7-1 во финалето на ова натпреварување.
Тимот на Њутан хит со
освоениот трофеј во 1888
Наредната сезона(1889-1990) Њутан Хит Лир поднесе
барање за придружување кон фудбалската девизија 1, но тоа било одбиено. Така
тие и уште осум други тимови решиле да формираат фудбалка лига која ја нарекле фудбалска
алијанса на која Њутан Хит Лир таа сезона завршиле 8-мо пласирани. Истата сезона клубот се враќа во Фа
купот, но уште во првата рунда биле поразени со резултат 6:1 од страна на Престон Норд Енд. Но сепак
повторно го освојува Манчестер и Дистрик Челинџ купот со победата од 5:2
Ројтон во финалето на ова
натпреварување.
Сезоната
1890-1891 клубот е поразен од ,, Ботл” во втората рунда од ФА Купот, а во фудбалската алијанса биле за едно место
послаби од предходната сезона.
Наредната сезона клубот
успева да се прогура до 4-тото коло од Фа купот
каде биле поразени од Белкпул со резултат 2-4, а во фудбалската алијанса
завршиле на 2-то место што е огромен успех за нив. Ова воедно е и последната
сезона на Њутан Хит Лир под ова име од наредната сезона фудбалската алијанса се
спојува со фудбалската девизија, а клубот се одделува од железница и го добива
името ЊУТАН ХИТ.
Сезона |
Тренер |
Капитен |
Најдобар Стрелец |
|
играч |
Постигнати голови |
|||
1878/79 |
Непознат |
Непознат |
Непознат |
/ |
1879/80 |
Непознат |
Непознат |
Непознат |
/ |
1880/81 |
Непознат |
Непознат |
Непознат |
/ |
1881/82 |
Непознат |
Непознат |
Непознат |
/ |
1882/83 |
Непознат |
Е. Томас |
Непознат |
/ |
1883/84 |
Непознат |
Сем Блекет |
Непознат |
/ |
1884/85 |
Непознат |
Сем Блекет |
Непознат |
/ |
1885/86 |
Непознат |
Сем Блекет |
Непознат |
/ |
1886/87 |
Непознат |
Сем Блекет |
Џек Даут |
2 |
1887/88 |
Непознат |
Џек Пауел |
Џек Даут и Роџер Даут |
6 |
1888/89 |
Непознат |
Џек Пауел |
Вил Стеварт |
10 |
1889/90 |
Непознат |
Џек Пауел |
Роберт Рамси |
7 |
1890/91 |
Непознат |
Џек Пауел |
Боб Доналдсон и Алф Фарман |
20 |
1891/92 |
Непознат |
Боб МекФаин |
Боб Доналдсон |
16 |
1892/93 |
А. Х. Албат |
Џои Кесиди |
Боб Доналдсон |
10 |