Прв купски натпревар за Манчестер Јунајтед во 2015. Втор сезонски купски натпревар и втор натпревар со екипи од третата по квалитет Англиска Лига. Првиот го загубија и тоа убедливо, но Јеовил е пониско рангиран и од МекДонс. Да видиме како нашиот тим ќе се снајде со нив.
Трет меѓесебен дуел во историјата на овие два тима. Првите два натпревари ги има добиено Манчестер Јунајтед и тоа убедливо со резултат 3-0 и 8-0.
Манчестер Јунајтед досега 11 пати го има освоено Фа Купот. Но досега кога Манчестер Јунајтед го елиминираше Јеовил Тоун, не успеа да го освои Фа Купот. Во 1938 година Манчестер Јунајтед го победи Јеовил Таун со 3-0 во рамките на третата рунда на овој куп, но потоа во петтата рунда Манчестер Јунајтед беше елиминиран од Бретфорд Сити со 2-0. Во сезоната 1948/49 слична ситоација Манчестер Јунајтед го победува Јеовил Таун и тоа убедливо со резултат 8-0, но во полуфиналето биле елиминирани од Вуверхемтоп со резултат 1-1 и 0-1 за Волците. Што значи дека не им се баш среќен противник. Но зошто да не би го скршиле мразот и го освојат Фа Купот.
Ако Манчестер Јунајтед биде елиминиран и од Јеовил Таун, по оваа статистика ова ќе биде најлоша сезона за Манчестер Јунатед во последните 40-тина години, бидејќи одкако се членови на Првата Англиска дивизија никогаш не биле поразени од 2 различни третолигаши во иста сезона.
Што се однесува до составот Луис Ван Гал најверојатно ќе се одлучи за млади играчи како Аднан Јанузај, Џејмс Вилсон, Педи Мек Неир и сл. и други играчи кои не се дел од првиот тим, а првотимците би ги одмарал за наредните средби.Единствено би можело Анхел Ди Марија да настапи ако е целосно подготвен за настап затоа што долго време нема одиграно натпревар.
Можен состав:
Линдегард, МекНеир, Торп, Блекет, Рафаел, Јанузај, Ди Марија, Јанко, Шо, Вилсон, Кин
Стадион: Хуиш Парк
Судија:Крег Повсон
Натпреварот е закажан за 4 Јануару 2014 за од 16:30 часот
No comments:
Post a Comment