,,Њутан Хит е
името кое денешниот Манчестер Јунајтед го носел во период од 1892-1902 година, се додека во таа година(1902) ,,Џон Хенри
Дејвис не го преименувал во Манчестер Јунајтед. Во
продолжение прочитајте некој поважни информации за Њутан Хит.
Во сезоната 1892-1893 клубот се одделува
од железницата иако повеќето играчи е остануваат вработени во железница со тоа и клубот ја
губи наставката ,,Лир” од своето име и почнува да се вика ,,Њутан Хит”. Оваа сезона тие и се приклучуваат на тогашната
прва Англиска девизија по неколку предходни обиди за такво нешто.
Првиот тим на ,,Њутан Хит”
под ова име сезона 1892-93
Во тоа време
клубот станува акционерско друштво со подигања на 2.000 фунти акционерски
капитал. Исто така клубот го назначува ,,Ах Алдут” за менаџер на клубот. Кој воведува полно работно
време за играчите.
,,Ах Алдут”-првиот
менаџер на Њутан Хит
Таа сезона клубот
завршува на последното место во првата фудбаслка дивизија, но успева да се
задржи таму благодарејќи на победата над Мали Хит(подоцна Бирмингам Сити ФК),
шампионот на втората девизија и со тоа се спасува од испаѓање. Таа сезона
клубот бил елиминиран во третиот рунда од Фа Купот од Блегбурн Роверс со
резултат 0-4, а со 2-1 биле поразени од Болтон во рамките на финалеето на
Манчестер Сениор купот.
Наредната сезона(1893-1894)
клубот е принуден поради големите давачки
да се пресели од првичниот стадион на ,, Bank Street – Clayton” во Манчестер, кој се наоѓал во близина на
Хемиската фабрика.
Мапа на Bank Street –
Clayton
Се велело ,,Кога
Њутан Хит губат, фабриката ќе експлодира”. На тој начин влијаеле врз психологијата на
противникот. Но теренот на овој стадион не поседувал многу идеалени услови за фудбал бидејќи бил составен од
песок, кал и закрпи на трева. Истата сезона клубот ја менува дресовите во
шарена(зелена и жолта) кошула.
Новиот изглед на дресовите
од оваа сезона.
Оваа сезона
клубот повторно завршува последен на табелата. Овој пат биле поразени од
Ливерпул со резулата 2-0 со што стануваат ПРВИОТ
АНГЛИСКИ
ТИМ ШТО ИСПАЃА ОД ТОГАШНАТА НАЈКВАЛИТЕТНА АНГЛИСКА ДЕВИЗИЈА. Во Фа-купот биле елиминирани во вторaтa рунда од Блегбурн
Роверс со резулата 1-5.
Следната сезона(1894-1895) клубот повторно ги менува боите овјпат во обична
зелена боја со малку злато трим.
Дресовите на Њутан Хит од сезоната 1894-1895
Истата сезона пријавена е катастрофалната состојба на теренот на стадионот
на ,,Њутан Хит” од страна на менаџер на ,,Волсел Таун”. Њутан Хит го
победува Волсел Таун со резулатат 14-0 (најголемата победа во историјата на
клубот) , но поради состојбата на теренот натпреварот бил поништен и како
официјален резултат од овој меч е земено 9-0. Во својата прва сезона како
второлигаш Њутан Хит завршува на 3-тата позиција во втората дивизија, што го
водело во бараж за првата дивизија, но во баражот Њутан Хит е поразен од Стоук
Сити со 2-3 со што останува второлигаш. Истата сезона истиот клуб, Стоук Сити
со истиот резултат 2-3 го елиминирал Њутан Хит и уште во првата рунда од ФА
Купот.
Следната сезона (1895-1896) Клубот завршува 6-ти во втората Англиска
дивизија. Додека во Фа Купот е елиминиран во втората рунда со резулатат 5-1 од
Дерби Каунт.
Наредната (1896-1897)сезона клубот завршува на 3-тата позиција во втора
лига, но повторно е елиминиран во плеј-офот овој пат од Сандарленд со
резулатат 1-1 и 2-0. Од Фа Купот пак
биле елиминирани во шестата рунда
повторно од Дерби Каунт овој , но
овојпат со резулатат 2-0.
Наредната сезона(1897-1898) клубот завршува 4-ти во лигата со што повторно
не успева да се избори за влез во Првата Лига. Во Фа купот се елиминирани од
Леверпул и тоа во повторниот натпревар од втората рунда со резултат 0-2 откако
првиот завршил 1-1.
Њутан Хит 1897
Следната (1898-1899) сезона ништо ново
клубот повторно 4-ти, а и е елиминиран уште во првата рунда од Фа Купот
во повторниот натпревар од Тотемхем со резултат 3-5, откако првиот завршил со
резултат 1-1. Овој натпревар представува првиот меѓусебен натпревар помеѓу
Манчестер Јунајтед и Тотенхем, во нивната историја.
Наредната сезона исто темпо клубот повторно 4-ти во лигата и повторно
елеиминирани уште во првата рунда од Фа Купот од ,,Соут Шор” со резултат 3-1.
Наредната сезона(1900-1901) клубот се соочува со финанасиката криза.Во таа
сезона клубот завршува 10-ти на табелата, клубот е елиминиран во втората рунда
од ФА Купот, односно во повторниот натпревар со Барнли, кој завршил со резултат
7-1 за тимот на Барнли, откако првиот натпревар завршил 0-0.
Наредната (1901-1902) сезона клубот завршува дури 15-ти на табелата во втора
Дивизија и е елиминиран уште во првата рунда од ФА Купот од Линколн со резултат
1-2. Што почнува да представува веќе сериозен проблем на клубот. Понатаму
следува приказната со Хари Стафорд и неговиот бернандинец за кои ви објаснивме
во една од нашите предходнистатии. Исто така можете да прочитате и како
Манчестер Јунајтед го има добиено денешното име во таа статија.
Последниот тим на Њутан Хит, 1902 година
Прочитајте го продолжението овде:
112години Манчестер Јунајтед.
Статистика на ,,Њутан Хит"
Сезона
|
Место на табелата
|
Лига во Која настапува клубот
|
Елиминација во ФА Купот
|
1892/93
|
16/16
|
Прва Дивизија
|
1-ва рунда
|
1893/94
|
16/16
|
Прва Дивизија
|
2-ра рунда
|
1894/95
|
3/16
|
Втора Дивизија
|
1-ва рунда
|
1895/96
|
6/16
|
Втора Дивизија
|
2-ра
рунда
|
1896/97
|
2/16
|
Втора Дивизија
|
6-та рунда
|
1897/98
|
4/16
|
Втора Дивизија
|
2-ра рунда
|
1898/99
|
4/16
|
Втора Дивизија
|
1-ва рунда
|
1899/00
|
4/16
|
Втора Дивизија
|
1-ва рунда
|
1900/01
|
10/16
|
Втора Дивизија
|
2-ра рунда
|
1901/02
|
15/18
|
Втора Дивизија
|
1-ва рунда
|
Менаџери, Капитени и Најдобри стрелци на ,,Њутан Хит"
Сезона |
Менаџер
|
Капитен
|
Најдобар
стрелец (постигнати голови)
|
1892/93
|
Боб
Доналдсон(16)
|
||
1893/94
|
Непознат
|
Боб
Доналдсон(10)
|
|
1894/95
|
Дик
Смит(20)
|
||
1895/96
|
Џои Кесиди(16)
|
||
1896/97
|
Џои Кесиди(25)
|
||
1897/98
|
Анри
Боид(22)
|
||
1898/99
|
Џои Кесиди(20)
|
||
1899/00
|
Џои Кесиди(16)
|
||
1900/01
|
Том Лех(14)
|
||
1901/02
|
Стефан Престон(11)
|
No comments:
Post a Comment