Sunday, April 26, 2015

Најава: Евертон-Манчестер Јунајтед

 
Нов натпревар е закажан за денес, овој пат нашиот тим гостува на Гудисон Парк кај тимот на Евертон.

Досега се одиграле точно 192 натпревари помеѓу овие два тима. Манчестер Јунајтед е нешто по успешен во овие дуели со 82 победи, Евертон има 68 победи и 42 натпревари завршиле без победник. 

Ситоацијата на меѓусебните дуели во рамките на Премиер Лигата е убедлива во полза на Манчестер Јунајтед. Од 45 одиграни средби дури 31 победа имаа црвените ѓаволи, 7 победи има Евертон и исто толку натпревари завршиле нерешено.

Првиот меѓусебен дуел помеѓу овие два противника се одиграл на 24 Септември 1892 на Гудисон Парк и завршил со убедлива победа на тимот од Ливерпул со резултат 6-0. Последниот пак меѓусебен натшревар се одигра на 5 Октомври 2014 на Олд Трафорд и заврши со победа на Манчестер Јунајтед од 2-1.

Најголемата победа на Манчестер Јунајтед над Евертон е со резултат од 5-0. Овој натпревар се одиграл на 30 Април 1960 година во рамките на Втората Англиска девизија на Олд Трафорд. Во обратниот случај тоа е веќе споменатата победа со резултат 6-0.

Што се однесува до составот. Нашиот тим денес ќе биде без Рафаел, Рохо, Џонс и Керик, а неизвесен е и Блинд.

Можен состав:

Де Геа, Валенсија, Смолинг, Мек Неир, Шо, Фелаини, Мата, Руни, Херера, Ди Марија, Ван Перси

Стадион: Гудисон Парк
Судија: Андре Маринер
Натпреварот е закажан за 26 Април 2015 за 14:30 часот по македонско време

Friday, April 17, 2015

Најава: Челзи-Манчестер Јунајтед

 

 Можеби ова не е најголемото Англиско дерби, но се работи за натпревар помеѓу двете најквалитетни екипи во последните 15 години. Според тоа може да се каже дека моментално ова е најголем натпревар во Англија.

Сите ние имаме барем еден другар или познаник кој навива за Челзи. Сите ние деновиве барем еднаш сме се скарале со еден од нив токму за овој натпревар. За разлика од натпреварите со Ливерпул, Манчестер Сити, па и Арсенал. Сето ова го прави овој натпревар толку битен за сите нас. Не се признава ништо друго освен победа. Да се надеваме дека во понеделник ние ќе бидеме тие што ќе отидеме горди на работа, факултет, училиште. Да се надеваме дека ние ќе ги зафркаваме нив а не тие нас.

Досега се одиграле 172 натпревари помеѓу овие два тима. 48 натпревари завшиле нерешено, 49 пати се радува играчите на Челзи и дури 75 пати како победници излегле нашите ,,црвени ѓаволи".

Ситоацијата во Премиер Лигата е сосема поинаква. Овие натпревари го прават овој натпревар толку интересен. Од 45 одиграни натпревари 17 завршиле нерешено. Додека тимот на Челзи има нешто повеќе победи во однос на Манчестер Јунатед. Челзи има 15 победи, додека Манчестер Јунајтед 13. Што значи дека се работи за прилично изедначено.

Манчестер Јунатед над Челзи нема победа од 28 Октомври 2012. Кога го совладаа Челзи со 2-3 на ,,Стенфорд Бриџ". Од тогаш до денес се одигра уште 7 средби. Од нив 3 завршија нерешено и 4 пати се радуваа играчите на Челзи. Што е дополнителен мотив за нашите играчи на утрешнито натпревар. Конечно да ја прекинат оваа лоша серија.

Првиот натпревар помеѓу овие два тима се одиграл 25 Декември 1905 и завршил со резултат 0-0, додека последниот меѓусебен натпревар помеѓу овие два тима се одигра на 26 Октомври 2014 и заврши 1-1.

Луис Ван Гал пред утрешниот натпревар ќе има огромни проблеми со задниот ред. Бидејќи ќе нема да може да смета дури на 5 фудбалери. Рохо, Џонс, Керик и Блинд поради повреди и Еванс поради суспензија. Нема да има многу работа со бидејќи му остануваат само Смолинг, Мек Неир и Блекет. Од  кои најверојатно во почетниот состав ќе бидат Мек Неир и Смолинг, а Блекет ќе биде резерва. Освен нив Ван Гал најверојатно нема да може да смета ни на Робин Ван Перси бидејќи само една недела тренирал со почетниот тим. Добра вест е враќањето на Лук Шо во тимот.

Moжен состав:

Де Геа, Валенсија, Мек Неир, Смолинг, Шо, Фелаини, Мата, Руни, Херера, Јанг, Фалкао

Стадион: Стенфорд Бриџ
Судија: Мајк Дин
Натпреварот e закажан за 18 Април 2015 за 18:30 часот по македонско време