Thursday, March 19, 2015

Шок во Манчестер: Переира понудил на девојка 10 иљади фунти за да спие со него и Мек Неир во тројка

 

Тинејџерката Кели Мек Кини тврди дека добила непристоен предлог по СМС порака од страна на играчот на Манчестер Јунајтед, Андреас Переира.

Како што пренесува ,,Mirror Sport", гореспоменатата тинејџерка наводно добила понуда во вредност од 10 иљади фунти  за да спие во тројка со него и Патрик Мек Неир.

Наводно инцидентот се случил на божиќната забава, минатата година. 

,,Јас речиси паднав од столот кога тој ми понуди 10 иљади фунти. Колку само ниско беше тоа. Не сум видела ваков тип на човек тоа беше многу, многу навредливо."- изјави Кели 

На прашањето како се запознале таа одговорила дека тој ја следи на твитер, откако таа и другар успеале да влезат на таа божиќна забава.

Таа исто така тврди дека му ставила дознаење дека нема намера да ја прифати понудата, исто така тврди и дека нема сомнение дека Патрик Мек Неир знаел за ова, па дури бил и свесен за пораките. 

Наводно кога таа го прашала дали тоа ќе биде само со него тој и одговорил дека ќе биде со уште еден пријател. Секако мислел на Мек Неир.


Агентот на Переира, Лео Шкеимкан  бил запрашан дали неговиот клиет треба да се извини. На тоа тој одговорил:

,,Тој е млад и може да има секс со кого сака. Што има тој да се извинува."

Пренесува: Mirror Sport

No comments:

Post a Comment