Sunday, March 22, 2015

Најава:Ливерпул-Манчестер Јунајтед

 
Моменти што нетрпение ги чекаме цела година.  Најголема желба на секој навивач на Манчестер Јунајтед е да се совлада Ливерпул, а поготово на Енфилд како што е денешниот дуел.

Евентуална победа на Ливерпул ги носи на 4-тото место кое води во Лига на Шампиони, но на тоа не смееме ни да помислеме единствено на што треба да мислиме е победа, победа која ќе не одведе на 5 бода позитива над најголемиот, конкурент и ривал за таа позиција, тимот на Ливерпул.

Овие два ривала досега имаат одиграно точно 220 натпревари. 62 натпревари завршиле без повбедник, 74 натпревари ги добиле ,,црвените" од Ливепул и 84 натпревари има добиено тимот на Манчестер Јунајтед. Да се надеваме дека двоцифрената разлика ќе остане и по овој меч, а зошто и да не ја зголемиме.

Денешниот ќе биде 46-ти меѓусебен натпревар помеѓу овие два тима во рамките на Премиерлигашките натревари. Досега Манчестер Јунајтед има 24 победи, Ливерпул 13 и 8 завршиле без победник.

Најголемата победа на ,,црвените ѓаволи" над денешниот противник им е со резултат 5-0 и 6-1, а најголите порази им се неколку пати со 7-1. Најголемата победа на Ливерпул на Олд Трафорд им е со резултат 0-3 и 1-4.

Првиот натпревар помеѓу овие два ривала се одиграл на  28 Април 1894 и завршил со победа на Ливерпул од 2-0. Но тоа било само тест натпревар првиот официјален натпревар помеѓу овие два тима се одиграл на 12 Октомври 1895 и завршил со победа на Ливерпул од 7-1.

Ван Гал на прес-конференцијата пред натпреварот истакна дека Лук Шо и Маркос Рохо не се доволно спремни за овој натпревар што значи дека тие најверојатно ќе бидат на клупата. Холанѓанецот исто така ќе нема да може да смета и на неговиот сонародник Робин Ван Перси поради повреда.

Можен состав:
Де Геа, Рафаел, Џонс, Смолинг, Валенсија, Фелаини, Мата, Ди Марија, Херера, Руни, Вилсон

Стадион: Енфилд
Судија: Мартин Етконсон
Натпреварот е закажан за 22 Март 2015 за 14:30 часот по македонско време

No comments:

Post a Comment