Thursday, December 31, 2020

Можеби ова е најдобрата полусезона по заминувањето на Сер Алекс Фергусон од менаџерското место. Актуелни случувања во клубот и Анализа на есенскиот дел од сезоната!

 


    На сликата погоре го гледате човекот што донесе неизвесност во продолжението од сезоната. На сликава го гледате човекот кој донесе можност за изедначување на бројот на бодови со Ливерпул. Ваква ситуација по заминувањето на Сер Алекс Фергусон никогаш немало. 

    Имајки го  во предвид дека Сер Алекс Фергусон сезоните ги играше како мачка и глушец, им даваше на противниците шанса да се радуваат во полусезоната со неколку бода разлика, слично како мачките што некогаш ќе го пушти глушецот да си гледа сеир, е тоа го правеше и Сер Алекс со противници, до боксинг деј ќе им ги наполнеше амбициите, надежите и желбите за титулата  а после Боксинг деи им даваше до знаење дека треба уште да тренираат ако сакаат да се надеваат на титулата, а на менаџерите на тие клубови им даваше дознаење дека сеуште не му се дораснати, слично како мачките што прават на крај со глувците. И самиот Сер Алекс во неговата биографија кажува дека кога некој менаџер ќе се порадува малку на првата позиција тој би му рекол ќе дојде и боксинг-деј ќе видиме после тоа. 

    Овој пат лошо му тргна на Манчестер Јунајтед земајќи го фактот дека овој пат не победија на Боксинг деј, но за менаџер Манчестер Јунајтед го имаат Оле Гунер Солскјер- човек кој порасна и се изгради како фудбалер, а потоа и како менаџер под Сер Алек Фергусонова палка. И најголемите критичари ќе признаат дека Оле Гунер Солскјер го има Сер Алекс Фергусоновиот менталитет, тоа го прави најадекватен за менаџерската позиција во овој клуб, поадекватен од било кој друг „стручњак" што нема појма од ова, се надеваме дека раководството на клубот го има сватено тоа. Со оглед на тоа дека извршниот директор, Едвард Вудворд изјави дека клубот има долгорочен план со него влева надеж кај обожавателите на Оле и Сер Алекс Фергусоновиот менталитет дека ќе му се даде шанса на Оле Гунер Солскјер, колку и да има незадоволни фанови во светот од него. 

    Многумина и на нашата страна Manchester United-Macedonia која е достапна на фејсбук и инстаграм коментираат дека Оле треба да си замени, OLE OUT или незнам што. Во ред секој си има право на свое мислење, но според нашето мислење тоа е најголама, ама најголема глупост што може да постои, глупост голема колку карпа. Зошто??? Кој би биле замени за Оле? Па, Покетино, Зидан, Гвардиола, Анчелоти или незнам кој. Глупост голема колку карпа. Тие нити знаат каков менталитет има клубот, нити како се бори овој клуб, нити пак за што се бори!!! Можат да излезат само со глупава изјава како Луис Ван Гал ако не се лажам дека овој тим не е навикнат да биде шампион. Едноставно ништо незнаат само знаат да бараат огромни плати, ништо друго. Имавме таков тип на менаџери еден куп. Жозе Мурињо, Луис Ван Гал тренери кои се огромни стручњаци , стручњаци на кои гореспоменатите потенцијални замени за Оле можат вода да им носата, но што направија тие во Манчестер Јунајтед. Ништо!!! Апсолутно ништо драги фанови! Епа зошто мислите дека ќе биде подобро со Покетино, Зидан, Гвардиола, Анчелоти или некој друг? Нема да биде подобро драги фанови исто ќе биде, дури и полошо ќе биде. Али секако вие си имате право на свое мислење, ние мислиме дека е погрешно, но некој па можда ќе мисли дека нашето е погрешно.

    Да се вратиме на оваа полусезона за која веќе спомнавме дека е најдобрата по заминувањето на Сер Алекс. Полусезона во која претежно доминиравме на гости, а губевме бодови на домашен терен. Последните неколку натпревари почнаа да одат во спротивна насоко, но до мечот со Шефилд Јунајтед се идеше во тој смер. Елиминирани сме од групната фаза во Лигата на Шампионите, дали по процена на стручниот штаб дека нема да издржи тимот да игра на две големи полиња или случајно е исто така предмет на дискусија. И тоа може кој сака да го прокоментира во коментар со свое мислење???

    Клубот продолжува да се натпреварува во Лига Европа, стигна до 1/2 финалето од ЕФЛ и Англискиот Лига Куп и треба да почне сега од јануари да се натпреварува во ФА Купот, во Премиер Лигата е исто така во борба за титулата. Тоа значи дека повторно е во бој на 4 фронта. Каква ќе биде тактиката на Оле и стручниот штаб дали да се оди на 4 фронта или да се тактизира 2 со 2 или на друг начин останува да видиме. Минатата сезона пробаа на сите 4 фронта и оплескаа сегде. Сега да видиме што ќе смислат.

    Оваа сезона нашиот тим ја започна со шок од Кристал Палас и пораз на домашен терен од 1-3. По овој пораз почнаа критиките дека ќе се бори тимот за опстанок, дека не бил доволно добар или незнам што. После тоа следуваше низа од 3 победи на гостински терен. Најпрво Лутон во рамките на ЕФЛ купот со 0-3, потоа Брајтон со 2-3 во тој драматичен меч во ПЛ меч каде нашите момци стигнаа до победата по судискиот свиреж. Меч кој е доста критикуван, но можат тие два бода да бидат клучни на крајот, потоа следуваше победа од 0-3 исто така пторив Брајтон, но овој пат во ЕФЛ купот. После тоа следуваше шок на Олд Трафорд и најголемиот симпатизер на Тотенхем да го прашавте пред мечот не верувам дека ќе ви кажеше дека Тотенхем може да го совлада големиот Манчестер Јунајтед со 1-6 и тоа на Олд Трафорд. 

    Следуваа мечевите од Лигата на Шампиони. На нив Манчестер Јунајтед докажа дека е достоен да се натпреварува со овие противници. Најпрво ПСЖ на гости, со 1-2, потоа Лајпциг дома со 5-0 и на крај пораз од Башахшехир на гости со 2-1. Некој ќе каже дека е местено, некој случајно, некој квалитетот ќе го доведува во прашање, секој со свои теории и мислења, но Манчестер Јунајтед го заврши првиот дел од групната фаза на првата позиција на табелата. Помеѓу овие мечеви од Лигата на Шампионите се играше и по еден Премиер Лигашки меч во кои ни помалку ни повеќе на нашиот тим му се паднаа Челзи и Арсенал. Нормално кога имаш по ред Лига на Шампиони на Премиер Лига, па пак Лига на Шампиони и така три пати, а имаш патување за Париз, за Истанбул неможеш да очекуваш премногу и се тоа од тежок потежок меч, многу неможеш да очекуваш и така нашиот тим си одигра 0-0 со Челзи и доживеа пораз од 0-1 од Арсенал.

    После тоа следуваа 4 победи на Манчестер Јунајтед и тоа од 1-3 на гостувањето кај Евертон, 1-0 над ВБА со што се разби малерот на Олд Трафорд во Премиер Лигашките натпревари, па Башахшер дома со 4-1 и Саутемптон на гости 2-3. Следуваше елиминација од Лигата на Шампиони на која диригинти беа тимовите на ПСЖ(дома 1-3) и Лајпциг(на гости 3-2).
Табела од Групната Фаза во Лигата на Шампиони, Група Х
    
    Одкако нашиот тим беше елиминиран од Лигата на Шампиони следуваа низа на добри резултати кои му носат поволна позиција во Премиер Лигата и ЕФЛ Купот.  Најпрво нашите момци одиграа 0-0 на Олд Трафорд со Манчестер Сити, после тоа следуваше победа над Шефилд Јунајтед со 2-3 и текако тешко издвојувана победа над последнопласираниот тим на табелата, после тоа следуваше декласирањето на Лидс Јунајтед на Олд Трафорд со 6-2, следуваше елиминацијата на Евертон од ЕФЛ купот и 1/2 финале за нашиот тим, па нерешено со Лестер 2-2 и на крај во последен момент издвојувана победа над Вулверхемптон.

Ова е комплетниот преглед на резултатите од оваа полусезона(2020):
Манчестер Јунајтед 1-3 Кристал Палас
Лутон 0-3 Манчестер Јунајтед
Брајтон 2-3 Манчестер Јунајтед
Брајтон 0-3 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-6 Тотенхем
 Њукасал 1-4 Манчестер Јунајтед
ПСЖ 1-2 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 0-0 Челзи
Манчестер Јунајтед 5-0 Лајпциг
Манчестер Јунајтед 0-1 Арсенал
Башахшехир 2-1 Манчестер Јунајтед
Евертон 1-3 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-0 ВБА
Манчестер Јунајтед 4-1 Башахшехир
Саутемптон 2-3 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-3 ПСЖ
Вестхем 1-3 Манчестер Јунајтед
Лајпциг 3-2 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 0-0 Манчестер Сити
Шефилд Јунајтед 2-3 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 6-2 Лидс 
Евертон 0-2 Манчестер Јунајтед
Лестер 2-2 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-0 Вулверхемптон

Моментална ситуација на табелата во Премиер Лигата

Распоред на натпревари во Премиер Лигата:

Манчестер Јунајтед - Астон Вила 01.01.2021 од 21:00h

Ливерпул - Манчестер Јунајтед  17.01.2021 од 17:30h
Фулам - Манчестер Јунајтед 20.01.2021 од 21:15h
Манчестер Јунајтед - Шефилд Јунајтед 27.01.2021 од 21:15h
Арсенал - Манчестер Јунајтед  30.01.2021 од 18:30h
Манчестер Јунајтед - Саутемптон 02.02.2021 од 21:00h
Манчестер Јунајтед - Евертон  06.02.2021 од 16:00h
ВБА-Манчестер Јунајтед  13.02.2021 од 16:00h
Манчестер Јунајтед - Њукасл 20.02.2021 од 16:00h
Челзи - Манчестер Јунајтед  27.02.2021 од 16:00h
Манчестер Сити - Манчестер Јунајтед 06.03.2021 од 16:00h
Манчестер Јунајтед - Вестхем  13.03.2021 од 16:00h
Кристал Палас - Манчестер Јунајтед  20.03.2021 од 16:00h
Манчестер Јунајтед - Брајтон 03.04.2021 од 16:00h
Тотенхем - Манчестер Јунајтед  10.04.2021 од 16:00h
Манчестер Јунајтед - Барнли 17.04.2021 од 16:00h
Лидс - Манчестер Јунајтед  24.04.2021 од 16:00h
Манчестер Јунајтед - Ливерпул 01.05.2021 од 16:00h
Астон Вила - Манчестер Јунајтед  08.05.2021 од 16:00h
Манчестер Јунајтед - Лестер 11.05.2021 од 21:00h
Манчестер Јунајтед - Фулам 15.05.2021 од 16:00h
Вулверхемптон - Манчестер Јунајтед  23.05.2021 од 16:00h

Распоред во ЕФЛ Купот:
Тимот на Манчестер Сити е следниот противнник на Манчестер Јунајтед во ЕФЛ Купот

Манчестер Јунајтед - Манчестер Сити 06.01.2021 од 20:45h
Во другото полуфинале од овој куп се среќаваат Тотенхем и Брентворд и ако успее да го елиминира градскиот ривал нашиот клуб во фоналето ќе се соочи со некој од овие два тима

Распоред во ФА Купот:
           Тимот на Ватворд е следниот противнник на Манчестер Јунајтед во ФА Купот
Манчестер Јунајтед - Ватворд 09.01.2021 од 21:00h

Ако успее да го елиминира тимот на Ватворд можни противници во наредните фази нашиот тим може да ги очекува сите Премиер Лигаши, сите тимот од Чемпионшип лигата како и оние кои успејаа да стигнат до оваа фаза од ФА Купот и го помина својот противник во 1/32 финалето од ФА купот а се дел од понискорангираните лиги во англија.

Распоред во Лига Европа:

            Тимот на Реал Сосиедад е следниот противнник на Манчестер Јунајтед во Лига Европа

Реал Сосиедад - Манчестер Јунајтед 18.02.2021 од 18:55h
Манчестер Јунајтед - Реал Сосиедад 25.02.2021 од 21:00h

Ако успее да го елиминира тимот на Реал Сосиедад во 1/16 финалето од Лига Европа во нареднит е 4 фази можни противници на нашиот тим се Волсвергер, Тотенхем, Динамо Киев, Клуб Бриж, Бенфика, Арсенал, Црвена Ѕвезда, Милан, Антверп, Ренџерс, Славиа Прага, Лестер, Салзбург, Виљареал, Брага, Рома, Краснодар, Динамо Загреб, Јанг Бојс, Бајарн Леверкузен, Молде, Хофенхајм, Гранада, Наполи, М. Тел Авив, Шахтор, Лил, Ајакс, Олимпиакос и ПСВ. Теоретски секој од овие тимови може да биде противник на Манчестер Јунајтед во сите фази.

    Првиот есенскиот дел од сезоната е веќе заднас, но сега следува малку подолгиот дел од сезоната, во него нашиот тим има два меѓусебни дуели со Ливерпул на кои може јасно да се види кој е подобар. Сепак досегашниот дел од сезоната беше тој погустиот  во овој дел од сезоната освен во Јануари и Февруари распоредот не е толку густ, бидејќи следуваат и национални паузи. Ние се надеваме дека во продолжението од сезоната нашиот тим ќе продолжи со истото темпо и континуитет и нема да ја извалка досегашната слика за нив, можеби и најдобра по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.

Прочитајте ги и Анализите на нашите млади тимови како и на нашиот женски тим на следниве линкови:

Следете не на Фејсбук, Инстаграм и Габ:


Tuesday, December 22, 2020

Манчестер Јунајтед до 23 години- Анализа на есенскиот дел од сезоната и распоред

 

    
    Дефинитивно нашиот засега најслабопласиран тим го оставивме последен за анализа. Тие треба да се идните ѕвезди во Манчестер Јунајтед и Премиер Лигата, но барем засега не блескаат. Да видиме што има направено нашиот најстар млад тим во изминатава полусезона.

    Пред да почнеме да ја анализираме оваа сезона да повториме нешто што го имаме споменато во неколку Фејсбук и Инстаграм постови. Овој тим минатата сезона се наоѓаше во втората по квалитет лига од Премиер Лигата 2 каде што сезоната не се доигра поради пандемијата со КОВИД-19, но Англиската Фудбалска Асоцијација донесе одлука моментално прво и второпласираните тимови да се преселат во повисок ранг. Нашиот тим во тој момент се наоѓаше на втората позиција која во случај да се доиграше сезоната до крај немаше да му донесе директен пласман во најсилната лига од Премиер Лигата два, бидејќи правилото вели дека првопласираниот тим од оваа Лига директно се преселову во повисок ранг, а 2-5 место играат квалификации и само најдобриот од овие 4 тима има можност да биде дел од повисокиот ранг. Сепак ќе повториме минатата сезона поради вонредните околности и недоиграна сезона до крај не беше тоа случај и нашиот тим имаше среќа.

Моменталната ситуација во Премиер Лигата 2-втора лига минатата сезона пред почетокот на пандемијата

    Сепак тоа е минато, да видиме каква е сегашноста. Оваа полусезона нашиот тим до 23 години одигра вкупно 11 натпревари во Премиер Лигата 2 од нив на 4 си заминаа со полна капа, но 4 пати си заминаа и со празна капа, односно пораз и 3 пати со противникот си ги делеа бодовите. Епа за оваа изедначена статистика по сите параметри им носи моментално девето место на табелата од 13 тимови и 4 повеќе бодови од 12то пласираниот Саутемптон кои моментално се наоѓаат на позиција која моментално им носи понизок ранг. Поразот од Челзи со резултат 6-1 му носи на нашиот тим негативна гол разлика во моментов од минус 3, што е уште еден минус знајќи дека ако два тимови имаат ист број бодови на крајот одлучува гол разликата. 

    Што се однесува до играчите имате поединечни таленти не дека не, можебе не како Маркус Рашфорд или Мејсон Гринвуд, но има солидни играчи. Најдобар стрелец моментално е 19 годишниот шпанецот Арнолд Пугимал со 6 погодоци и 2 асистенции на 7 одиграни натпревари. Што и не е така далеку од првопасираните Симс од Евертони Стретон од Дерби и двата со по 8 погодоци и 0 асистенции. Покрај Пугимал од натпреварите што сме ги гледале како таленти можеме да ги издвоиме и уште Ентони Еланга, Мејнбри Ханибал. Џое Хјуџил, Факундро Пелистри, голманот Вулстон Паул кои со некој интервенции потсетува на Давид Де Хеа, исти стил на голман е. Па можеме да го издвоиме и дефанзивецот Вилијам Фиш кој е солиден, но е под знак прашалник бидејќи направи некои катастрофални грешки во одбраната по кои нашиот тим примаше погодоци или постоеше голема опасност да прими. Но многу пати има интервенирано мајсторски затоа талентот на Вилијам Фиш не може да оспорува.

    За разлика од женскиот и У18 тимот чии анализи од есенскиот дел од сезоната можете да ги прочитате овде и овде , за кои во нивните анализи спомнавме дека завршија прво место на табелата, овој тим заврши 9-ти, но се надеваме на подобар продолжеток од сезоната. Ова е моменталната ситуација на табелата во Премиер Лигата 2-прва лига:

    Играчи кои имаат настапено за овој тим во изминатава полусезона:

Голмани:

Матси Ондрес-18 години

Пол Вулстон-22 години


Дефанзивци:

Вукаш Бејдер-18 години

Рис Девајн-19 години

Лука Елколни- 21 година

Алваро Фернадес- 17 години

Вилијам Фиш- 17 години

Етан Лорд-19 години

Теден Менги-18 години

Херви Невил-18 години

Маркос Рохо- 30 години(дозволен е одреден број играчи од првиот тим постари од 23 години да настапат за овој тим)

Брендон Вилијамс-20 години


Среден ред:

Етан Гелбреир-19 години

Марк Хелм-19 години

Џо Хјуџил'-17 години

Чарли Мек Кен-18 години

Мејбрнли Ханибал- 17 години

Факундо Пелистри-19 години

Арнолд Пуигмал- 19 години

Стенли Конор- 18 години

Мартин Свидески-18 години

Чарли Веленс - 18 години


Напад:

Ентони Аланга-18 години

Ноем Емеран-18 години

Исак Аерон Хансен-16 години

Дилон Хогелвелф-17 години

Шола Шоритар- 16 години

Менаџер

Нил Вуд

Како што можете да забележите некој од играчите се повторуваат со тие од У18 тимот чија листа ја објавивме во овој пост . Тоа значи дека менаџерите на двата тима Нил Вуд и Нил Рајан ги ротираат играчите што не надминале 18 годишна возраст во зависност од потребите.


Одиграни натпревари во есенскиот дел од сезоната и резултат:

Манчестер Јунајтед 0-2 Лестер

Манчестер Јунајтед 3-5 Ливерпул

Блегбурн 2-2 Манчестер Јунајтед

Арсенал 3-3 Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед 2-1 Евертон

Брајтон 2-5 Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед 4-2 Тотенхем

Вестхем 2-0 Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед 3-1 Саутемптон

Манчестер Јунајтед 2-2 Манчестер Сити

Челзи 6-1 Манчестер Јунајтед


Распоред на натпревари за продолжението од сезоната:

Лестер- Манчестер Јунајтед 18.01.2021 од 20:00h

Ливерпул-Манчестер Јунајтед 30.01.2021 од 14:00h

Манчестер Јунајтед - Блегбурн 05.02.2021 од 20:00h

Манчестер Јунајтед - Арсенал 12.02.2021 од 20:00h

Евертон- Манчестер Јунајтед 22.02.2021 од 20:00h

Саутемптон- Манчестер Јунајтед 28.02.2021 од 15:30h

Манчестер Јунајтед - Брајтон 12.03.2021 од 16:00h

Тотенхем- Манчестер Јунајтед 19.03.2021 од 13:00h

Манчестер Јунајтед - Вестхем 09.04.2021 од 20:00h

Манчестер Сити- Манчестер Јунајтед 16.04.2021 од 20:00h

Манчестер Јунајтед - Челзи 23.04.2021 од 20:00h

Дерби - Манчестер Јунајтед 03.05.2021 од 20:00h

Манчестер Јунајтед -  Дерби 10.05.2021 од 20:00h

На повеќето од овие натпревари би требало да има пренос на официјалната програма за нашиот клуб MUTV во гореспоментатите термини по македонско време.

Епа почитувани фанови ви го анализиравме есенскиот дел од сезоната за нашиот У18 , У23 и нашиот женски тим. Останаа уште сениорите да го довршат овој дел од сезоната. За да дознаете повеќе информации за преостанатите натпревари следете не на Фејсбук и Инстаграм.

Се надеваме дека сте задоволни од нашите три анализи, за нашите три тима. Би ви препорачеле да ги пратите младите категории и женскиот тим!!!

Почитувани фанови останете ни во добро здравје во овие празнични моменти од годината. Сречни празници и следете не!!!


Instagram: manchesterunitedmacedonia или со линк https://www.instagram.com/manchesterunitedmacedonia/

Monday, December 21, 2020

Манчестер Јунајтед Жени-анализа на есенскиот дел од сезоната, одиграни натпревари и распоред

 

    
    Почитувани фанови како што веќе спомнавне покрај тоа што нашиот тим до 18 години го заврши својот настап за 2020 и чиј настап го анализиравме веќе и можете да го прочитате овде и нашиот женски тим, а и уште порано нашиот тим до 23 години го заврши својот настап за 2020. Сепак ќе почекаме до вечер да заврши колото во Премиер Лигата 2 за да го анализираме нашиот тим до 23 години. Сега да видиме што направија нашите девојки изминатава сезона.

    Како што веќе спомнавме во неколку постови на фејсбук и инстаграм нашиот женски тим го заврши есенскиот дел од сезоната на првата позиција на табелата. Исто така вреди да потсетиме и дека ова им е трета сезона откако се формирани. Во првата нивна сезона 2018/19 како новоформиран тим се натпреваруваат во втората по квалитет англиска женска лига каде завшија на првата позиција на табелата со огромна доминација. Минатата сезона немаа некој посебен успех, дали поради тоа што тимот сеуште не беше спремен за прволигашки фудбал или поради друга причина сега и не е толку битно, но сега покрај тоа што се во положба да се пласираат во Лига на Шампиони жени(Во Англија прво место се пласира директно, второ и трето играат квалификации) на добар пат се и да ја освојат титулата, што за клуб кој постои само три сезони е остварување на сонот.

    Факт со кој може да се гордее нашиот женски тим е тоа што одиграа полусезона а сеуште ја немаат осетено горчината на поразот. На 10 одиграни натпревари имаат 8 победи и 2 нерешени. Женскиот тим на Челзи исто така е без пораз исто така има само две нерешени, но има 2 заостанати натпревари. Моментално најдобар стрелец во тимот е Ли Галтон со 5 погодоци. За разлика од В. Мадема од Арсенал која има 11 погодоци тоа не е ни приближно, но  фактот дека дури 11 девојки успеја да се запишат во листата на стрелци,  и плус две други што ги нема во листата на стрелци да се запишат во листата на асистенти говори за тоа дека во Манчестер Јунајтед Ж се игра тимски фудбал, а не само поединци да доминираат. Ова е комплетната листа на стрелци и асистенти за оваа полусезона:

    Нашиот тим нема постигнато најмногу погодоци во Лигата, нити пак ја има најдобрата одбрана, но се наоѓа на првата позиција на табелата. 😏
 
    Тренерката на женскиот тим Кејси Стоун може да биде горда на своите фудбалерки, бидејќи никој не очекуваше толку од нив. Сепак што би рекле старите пу, пу да не ги урочиме... Се надеваме на исто толку добар продолжеток од оваа сезона чиј почеток е закажан за 09.01.2021, а нашиот тим својот натпревар ќе го игра веќе следниот ден на 10,01. На вас драги фанови можеме да ви препорачаме да си гледате и женски фудбал, особено да го пратите нашиот тим, бидејќи девојките играат фудбал да ти  е мерак да ги гледаш, милина за очи.

Ова е комплетниот пријавен состав:
Голманки
27.Ерпс Мари-27 години
22.Френ Бентли-19 години
1.Емили Рамзи-20 години

Одбрана:
17.Она Батље -21 година
2.Марта Харис -26 години
5.Абие МекМанус- 27 години
3.Лота Оквист-23 години
20.Кристи Смит-26 години
4.Еми Тарнер-29 години
21.Мили Тарнер-24 години

Среден ред:
14.Џеки Гронен-26 години
77. Тобин Хет-32 години
12. Лед Хејли- 27 години
23. Алесија Русо-21 година
37. Луси Стеинфот-27 години
10. Катие Зелем-24 години

Напад:
13.Ивана Фусо-19 години
11. Гелтон Ли-26 години
18. Кристи Хенсон-22 години
16. Џејмс Лаурен-19 години
24. Кристен Прес-31 година
19. Рос Џејн-31 година
9. Џесика Стивворт-26 година
7. Еља Ен Тун-21 година

Тренер:
Кејси Стоун


Одиграни натпревари во Англиската Женска Супер Лига:
Манчестер Јунајтед 1-1 Челзи
Бирмингам 2-5 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 3-0 Брајтон
Тотенхем 0-1 Манчестер Јунајтед
Вестхем 2-4 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-0 Арсенал
Манчестер Јунајтед 2-2 Манчестер Сити
Астон Вила 0-2 Манчестер Јунајтед
Рединг 1-2 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 6-1 Бристол Сити

Табела во женската супер Лига

Одиграни натпревари во женскиот супер куп од кои се елиминирани:
Ливерпул 3-1 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 0-0 Манчестер Сити (4-3 на пенали)
Евертон 1-0 Манчестер Јунајтед
Табела од групата Ц во женскиот супер куп
Распоред на натпревари во Англиската Женска Супер Лига

Евертон-Манчестер Јунајтед 10.01.2021 во 14:00h
Челзи - Манчестер Јунајтед 17.01.2021 во 15:00h
Манчестер Јунајтед - Бирмингам 24.01.2021 во 13:00h
Манчестер Јунајтед - Рединг 07.02.2021 во 13:00h
Манчестер Сити - Манчестер Јунајтед 12.02.2021 во 20:00h
Манчестер Јунајтед - Астон Вила 07.03.2021 во 13:00h
Арсенал - Манчестер Јунајтед 18.03.2021 во 20:30h
Манчестер Јунајтед - Вестхем 28.03.2021 во 13:00h
Брајтон - Манчестер Јунајтед 04.04.2021 во 15:00h
Манчестер Јунајтед - Тотенхам  25.04.2021 во 13:00h
Бристол Сити- Манчестер Јунајтед 02.05.2021 во 15:00h
Манчестер Јунајтед - Евертон  09.05.2021 во 15:00h

Само да напоменеме дека покрај во женската супер лига нашиот тим очекува и ждрепка за Англиски Женски ФА куп, натпреварување во сличен формат како машкиот ФА куп.

На повеќето од овие натпревари би требало да има пренос на официјалната програма за нашиот клуб MUTV во гореспоментатите термини по македонско време.

Пратете не на фејсбук и инстаграм за да дознаете повеќе за нашите млади тимови и за нашиот женски тим!!!


Instagram: manchesterunitedmacedonia или со линк https://www.instagram.com/manchesterunitedmacedonia/

Friday, December 18, 2020

Манчестер Јунајтед У18-анализа на есенскиот дел од сезоната, одиграни натпревари и распоред

 

     Почитувани фанови како што веќе спомнавме во некој од нашите фејсбук постови тимот на Манчестер Јунајтед до 18 години го заврши вчера есенскиот дел од сезоната во Премиер Лигата У18 Север на првата позиција на табелата. Да потсетиме дека првото место на табелата на крајот од сезоната не значи и титула за нив, бидејќи Англиската Премиер Лига У18 е поделена на Северна и Јужна и на крајот победниците од двете лиги играат меѓусебен дуел во кој се борат за титулата.

    Што се однесува конкретно до нашиот тим, Манчестер Јунајтед У18, тие имаат 10 победи на 11 одиграни натпревари и само еден пораз од нивните врсници од тимот на Манчестер Сити. Во овој состав има доста талентирани играчи кои би можеле еден ден да ги гледаме во првиот тим. Такви се Чарли Мек Нил, Џо Хјуџил кои се издвојуваат по нивниот огромент талент, но исто така добри се Дилан Хогвард, Емран Ноел, Чарли Севиџ, Мартин Свидерски, Чарли Веленс, Игбан Зидан, Емран Ноел, Алехандро Герначо, па и дефанзивци како Бернард Риск, Хардли Бхорн, Иџтан Хјуџ, Хурадо Марк и Пи Логан. Сепак во овој тим како и во сите тимови на Манчестер Јунајтед одбраната не е најдобра страна, особено голманите. Тие што ги гледале натпреварите на овој наш млад тим знаат дека имаат примено доста голови по голманските грешки, но што би рекол легендарниот Сер Мет Базби:

-„Никогаш не мислев на тоа колку голови ќе примиме, бидејќи знаев дека моите момци се способни да постигнат дупло повеќе."

Со истото може да се пофали сега и менаџерот на овој млад тим Нил Рајан.

Се надеваме дека овој млад тим ќе продолжи со исто темпо и по нова година!!!

Играчи кои имаат настапено за овој тим во овој дел од сезоната:
Голмани

Јохан Гуадрадо
Ми Дермот 

Витек Радек

Дефанзивци:

Рис Бенет

Фернандо Алваро

Хардли Бјорн

Хјуг Истен

Марк Хурадо

Вили Кемвел

Сем Мари

Пи Логан

Среден ред:

Омари Форсон

Џо Хјуџил

Игбал Зидан

Коби Маину

Чарли Севеџ

Мартин Свидерски

Чарли Веленс

Напад:

Ноам Емереан

Алехандро Герначо

Исак Хансон-Арон

Игон Вогферт

Чарли Мек Нил

Матило Мехиа


Постигнати резултати во овој дел од сезоната:

Манчестер Јунајтед 2-1 Блегбурн

Манчестер Јунајтед 5-1 Барнли

Манчестер Сити 2-1 Манчестер Јунајтед

Дерби 0-4 Манчестер Јунајтед

Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед (Натпревар од Фа младинскиот Куп кој е заостанат од минатата сезона кога не се доигра поради пандемијата со Ковид 19. По овој натпревар нашиот млад тим е елеминиран од 1/2 финалето од ова натпреварување)

Манчестер Јунајтед 2-0 Евертон

Мидлзброу 1-4 Манчестер Јунајтед

Стоук 0-1 Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед 4-1 Њукасал

Манчестер Јунајтед 4-3 Ливерпул

Вулверхемптон 0-1 Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед 4-0 Лидс Јунајтед




Моментална ситуација на табелата во Премиер Лигата У18 Север



Моментална ситуација на табелата во Премиер Лигата У 18 Југ

Распоред на натпревари:

Ливерпул- Манчестер Јунајтед 16.01.2021 12:00h

Блегбурн-Манчестер Јунајтед 23.01.2021 12:00h

Барнли-Манчестер Јунајтед 30.01.2021 12:00h

Сандарленд-Манчестер Јунајтед 06.02.2021 14:00h

Манчестер Јунајтед-Манчестер Сити 13.02.2021 12:00h

Манчестер Јунајтед-Дерби Каунт 27.02.2021 13:00h

Манчестер Јунајтед-Сандарленд 13.03.2021 13:30h

Евертон- Манчестер Јунајтед 20.03.2021 12:00h

Манчестер Јунајтед-Стоук 10.04.2021 12:00h

Њукасл- Манчестер Јунајтед 17.04.2021 12:00h

Манчестер Јунајтед-Вулверхемптон 24.04.2021 12:30h

Лидс- Манчестер Јунајтед 01.05.2021 12:00h

Манчестер Јунајтед-Мидлзброу 08.05.2021 13:00h


На повеќето од овие натпревари би требало да има пренос на официјалната програма за нашиот клуб MUTV во гореспоментатите термини по македонско време.

Пратете не на фејсбук и инстаграм за да дознаете повеќе за нашите млади тимови!!!

Facebook: https://www.facebook.com/MANCHESTER.UNITED.MACEDONIA.FAN

Instagram: manchesterunitedmacedonia или со линк https://www.instagram.com/manchesterunitedmacedonia/