Дефинитивно нашиот засега најслабопласиран тим го оставивме последен за анализа. Тие треба да се идните ѕвезди во Манчестер Јунајтед и Премиер Лигата, но барем засега не блескаат. Да видиме што има направено нашиот најстар млад тим во изминатава полусезона.
Пред да почнеме да ја анализираме оваа сезона да повториме нешто што го имаме споменато во неколку Фејсбук и Инстаграм постови. Овој тим минатата сезона се наоѓаше во втората по квалитет лига од Премиер Лигата 2 каде што сезоната не се доигра поради пандемијата со КОВИД-19, но Англиската Фудбалска Асоцијација донесе одлука моментално прво и второпласираните тимови да се преселат во повисок ранг. Нашиот тим во тој момент се наоѓаше на втората позиција која во случај да се доиграше сезоната до крај немаше да му донесе директен пласман во најсилната лига од Премиер Лигата два, бидејќи правилото вели дека првопласираниот тим од оваа Лига директно се преселову во повисок ранг, а 2-5 место играат квалификации и само најдобриот од овие 4 тима има можност да биде дел од повисокиот ранг. Сепак ќе повториме минатата сезона поради вонредните околности и недоиграна сезона до крај не беше тоа случај и нашиот тим имаше среќа.
Моменталната ситуација во Премиер Лигата 2-втора лига минатата сезона пред почетокот на пандемијата
Сепак тоа е минато, да видиме каква е сегашноста. Оваа полусезона нашиот тим до 23 години одигра вкупно 11 натпревари во Премиер Лигата 2 од нив на 4 си заминаа со полна капа, но 4 пати си заминаа и со празна капа, односно пораз и 3 пати со противникот си ги делеа бодовите. Епа за оваа изедначена статистика по сите параметри им носи моментално девето место на табелата од 13 тимови и 4 повеќе бодови од 12то пласираниот Саутемптон кои моментално се наоѓаат на позиција која моментално им носи понизок ранг. Поразот од Челзи со резултат 6-1 му носи на нашиот тим негативна гол разлика во моментов од минус 3, што е уште еден минус знајќи дека ако два тимови имаат ист број бодови на крајот одлучува гол разликата.
Што се однесува до играчите имате поединечни таленти не дека не, можебе не како Маркус Рашфорд или Мејсон Гринвуд, но има солидни играчи. Најдобар стрелец моментално е 19 годишниот шпанецот Арнолд Пугимал со 6 погодоци и 2 асистенции на 7 одиграни натпревари. Што и не е така далеку од првопасираните Симс од Евертони Стретон од Дерби и двата со по 8 погодоци и 0 асистенции. Покрај Пугимал од натпреварите што сме ги гледале како таленти можеме да ги издвоиме и уште Ентони Еланга, Мејнбри Ханибал. Џое Хјуџил, Факундро Пелистри, голманот Вулстон Паул кои со некој интервенции потсетува на Давид Де Хеа, исти стил на голман е. Па можеме да го издвоиме и дефанзивецот Вилијам Фиш кој е солиден, но е под знак прашалник бидејќи направи некои катастрофални грешки во одбраната по кои нашиот тим примаше погодоци или постоеше голема опасност да прими. Но многу пати има интервенирано мајсторски затоа талентот на Вилијам Фиш не може да оспорува.
За разлика од женскиот и У18 тимот чии анализи од есенскиот дел од сезоната можете да ги прочитате
овде и
овде , за кои во нивните анализи спомнавме дека завршија прво место на табелата, овој тим заврши 9-ти, но се надеваме на подобар продолжеток од сезоната. Ова е моменталната ситуација на табелата во Премиер Лигата 2-прва лига:
Играчи кои имаат настапено за овој тим во изминатава полусезона:
Голмани:
Матси Ондрес-18 години
Пол Вулстон-22 години
Дефанзивци:
Вукаш Бејдер-18 години
Рис Девајн-19 години
Лука Елколни- 21 година
Алваро Фернадес- 17 години
Вилијам Фиш- 17 години
Етан Лорд-19 години
Теден Менги-18 години
Херви Невил-18 години
Маркос Рохо- 30 години(дозволен е одреден број играчи од првиот тим постари од 23 години да настапат за овој тим)
Брендон Вилијамс-20 години
Среден ред:
Етан Гелбреир-19 години
Марк Хелм-19 години
Џо Хјуџил'-17 години
Чарли Мек Кен-18 години
Мејбрнли Ханибал- 17 години
Факундо Пелистри-19 години
Арнолд Пуигмал- 19 години
Стенли Конор- 18 години
Мартин Свидески-18 години
Чарли Веленс - 18 години
Напад:
Ентони Аланга-18 години
Ноем Емеран-18 години
Исак Аерон Хансен-16 години
Дилон Хогелвелф-17 години
Шола Шоритар- 16 години
Менаџер
Нил Вуд
Како што можете да забележите некој од играчите се повторуваат со тие од У18 тимот чија листа ја објавивме во овој пост . Тоа значи дека менаџерите на двата тима Нил Вуд и Нил Рајан ги ротираат играчите што не надминале 18 годишна возраст во зависност од потребите.
Одиграни натпревари во есенскиот дел од сезоната и резултат:
Манчестер Јунајтед 0-2 Лестер
Манчестер Јунајтед 3-5 Ливерпул
Блегбурн 2-2 Манчестер Јунајтед
Арсенал 3-3 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 2-1 Евертон
Брајтон 2-5 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 4-2 Тотенхем
Вестхем 2-0 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 3-1 Саутемптон
Манчестер Јунајтед 2-2 Манчестер Сити
Челзи 6-1 Манчестер Јунајтед
Распоред на натпревари за продолжението од сезоната:
Лестер- Манчестер Јунајтед 18.01.2021 од 20:00h
Ливерпул-Манчестер Јунајтед 30.01.2021 од 14:00h
Манчестер Јунајтед - Блегбурн 05.02.2021 од 20:00h
Манчестер Јунајтед - Арсенал 12.02.2021 од 20:00h
Евертон- Манчестер Јунајтед 22.02.2021 од 20:00h
Саутемптон- Манчестер Јунајтед 28.02.2021 од 15:30h
Манчестер Јунајтед - Брајтон 12.03.2021 од 16:00h
Тотенхем- Манчестер Јунајтед 19.03.2021 од 13:00h
Манчестер Јунајтед - Вестхем 09.04.2021 од 20:00h
Манчестер Сити- Манчестер Јунајтед 16.04.2021 од 20:00h
Манчестер Јунајтед - Челзи 23.04.2021 од 20:00h
Дерби - Манчестер Јунајтед 03.05.2021 од 20:00h
Манчестер Јунајтед - Дерби 10.05.2021 од 20:00h
На повеќето од овие натпревари би требало да има пренос на официјалната програма за нашиот клуб MUTV во гореспоментатите термини по македонско време.
Епа почитувани фанови ви го анализиравме есенскиот дел од сезоната за нашиот
У18 , У23 и нашиот
женски тим. Останаа уште сениорите да го довршат овој дел од сезоната. За да дознаете повеќе информации за преостанатите натпревари следете не на Фејсбук и Инстаграм.
Се надеваме дека сте задоволни од нашите три анализи, за нашите три тима. Би ви препорачеле да ги пратите младите категории и женскиот тим!!!
Почитувани фанови останете ни во добро здравје во овие празнични моменти од годината. Сречни празници и следете не!!!
No comments:
Post a Comment