На сликата погоре го гледате човекот што донесе неизвесност во продолжението од сезоната. На сликава го гледате човекот кој донесе можност за изедначување на бројот на бодови со Ливерпул. Ваква ситуација по заминувањето на Сер Алекс Фергусон никогаш немало.
Имајки го во предвид дека Сер Алекс Фергусон сезоните ги играше како мачка и глушец, им даваше на противниците шанса да се радуваат во полусезоната со неколку бода разлика, слично како мачките што некогаш ќе го пушти глушецот да си гледа сеир, е тоа го правеше и Сер Алекс со противници, до боксинг деј ќе им ги наполнеше амбициите, надежите и желбите за титулата а после Боксинг деи им даваше до знаење дека треба уште да тренираат ако сакаат да се надеваат на титулата, а на менаџерите на тие клубови им даваше дознаење дека сеуште не му се дораснати, слично како мачките што прават на крај со глувците. И самиот Сер Алекс во неговата биографија кажува дека кога некој менаџер ќе се порадува малку на првата позиција тој би му рекол ќе дојде и боксинг-деј ќе видиме после тоа.
Овој пат лошо му тргна на Манчестер Јунајтед земајќи го фактот дека овој пат не победија на Боксинг деј, но за менаџер Манчестер Јунајтед го имаат Оле Гунер Солскјер- човек кој порасна и се изгради како фудбалер, а потоа и како менаџер под Сер Алек Фергусонова палка. И најголемите критичари ќе признаат дека Оле Гунер Солскјер го има Сер Алекс Фергусоновиот менталитет, тоа го прави најадекватен за менаџерската позиција во овој клуб, поадекватен од било кој друг „стручњак" што нема појма од ова, се надеваме дека раководството на клубот го има сватено тоа. Со оглед на тоа дека извршниот директор, Едвард Вудворд изјави дека клубот има долгорочен план со него влева надеж кај обожавателите на Оле и Сер Алекс Фергусоновиот менталитет дека ќе му се даде шанса на Оле Гунер Солскјер, колку и да има незадоволни фанови во светот од него.
Многумина и на нашата страна Manchester United-Macedonia која е достапна на фејсбук и инстаграм коментираат дека Оле треба да си замени, OLE OUT или незнам што. Во ред секој си има право на свое мислење, но според нашето мислење тоа е најголама, ама најголема глупост што може да постои, глупост голема колку карпа. Зошто??? Кој би биле замени за Оле? Па, Покетино, Зидан, Гвардиола, Анчелоти или незнам кој. Глупост голема колку карпа. Тие нити знаат каков менталитет има клубот, нити како се бори овој клуб, нити пак за што се бори!!! Можат да излезат само со глупава изјава како Луис Ван Гал ако не се лажам дека овој тим не е навикнат да биде шампион. Едноставно ништо незнаат само знаат да бараат огромни плати, ништо друго. Имавме таков тип на менаџери еден куп. Жозе Мурињо, Луис Ван Гал тренери кои се огромни стручњаци , стручњаци на кои гореспоменатите потенцијални замени за Оле можат вода да им носата, но што направија тие во Манчестер Јунајтед. Ништо!!! Апсолутно ништо драги фанови! Епа зошто мислите дека ќе биде подобро со Покетино, Зидан, Гвардиола, Анчелоти или некој друг? Нема да биде подобро драги фанови исто ќе биде, дури и полошо ќе биде. Али секако вие си имате право на свое мислење, ние мислиме дека е погрешно, но некој па можда ќе мисли дека нашето е погрешно.
Да се вратиме на оваа полусезона за која веќе спомнавме дека е најдобрата по заминувањето на Сер Алекс. Полусезона во која претежно доминиравме на гости, а губевме бодови на домашен терен. Последните неколку натпревари почнаа да одат во спротивна насоко, но до мечот со Шефилд Јунајтед се идеше во тој смер. Елиминирани сме од групната фаза во Лигата на Шампионите, дали по процена на стручниот штаб дека нема да издржи тимот да игра на две големи полиња или случајно е исто така предмет на дискусија. И тоа може кој сака да го прокоментира во коментар со свое мислење???
Клубот продолжува да се натпреварува во Лига Европа, стигна до 1/2 финалето од ЕФЛ и Англискиот Лига Куп и треба да почне сега од јануари да се натпреварува во ФА Купот, во Премиер Лигата е исто така во борба за титулата. Тоа значи дека повторно е во бој на 4 фронта. Каква ќе биде тактиката на Оле и стручниот штаб дали да се оди на 4 фронта или да се тактизира 2 со 2 или на друг начин останува да видиме. Минатата сезона пробаа на сите 4 фронта и оплескаа сегде. Сега да видиме што ќе смислат.
Оваа сезона нашиот тим ја започна со шок од Кристал Палас и пораз на домашен терен од 1-3. По овој пораз почнаа критиките дека ќе се бори тимот за опстанок, дека не бил доволно добар или незнам што. После тоа следуваше низа од 3 победи на гостински терен. Најпрво Лутон во рамките на ЕФЛ купот со 0-3, потоа Брајтон со 2-3 во тој драматичен меч во ПЛ меч каде нашите момци стигнаа до победата по судискиот свиреж. Меч кој е доста критикуван, но можат тие два бода да бидат клучни на крајот, потоа следуваше победа од 0-3 исто така пторив Брајтон, но овој пат во ЕФЛ купот. После тоа следуваше шок на Олд Трафорд и најголемиот симпатизер на Тотенхем да го прашавте пред мечот не верувам дека ќе ви кажеше дека Тотенхем може да го совлада големиот Манчестер Јунајтед со 1-6 и тоа на Олд Трафорд.
Следуваа мечевите од Лигата на Шампиони. На нив Манчестер Јунајтед докажа дека е достоен да се натпреварува со овие противници. Најпрво ПСЖ на гости, со 1-2, потоа Лајпциг дома со 5-0 и на крај пораз од Башахшехир на гости со 2-1. Некој ќе каже дека е местено, некој случајно, некој квалитетот ќе го доведува во прашање, секој со свои теории и мислења, но Манчестер Јунајтед го заврши првиот дел од групната фаза на првата позиција на табелата. Помеѓу овие мечеви од Лигата на Шампионите се играше и по еден Премиер Лигашки меч во кои ни помалку ни повеќе на нашиот тим му се паднаа Челзи и Арсенал. Нормално кога имаш по ред Лига на Шампиони на Премиер Лига, па пак Лига на Шампиони и така три пати, а имаш патување за Париз, за Истанбул неможеш да очекуваш премногу и се тоа од тежок потежок меч, многу неможеш да очекуваш и така нашиот тим си одигра 0-0 со Челзи и доживеа пораз од 0-1 од Арсенал.
После тоа следуваа 4 победи на Манчестер Јунајтед и тоа од 1-3 на гостувањето кај Евертон, 1-0 над ВБА со што се разби малерот на Олд Трафорд во Премиер Лигашките натпревари, па Башахшер дома со 4-1 и Саутемптон на гости 2-3. Следуваше елиминација од Лигата на Шампиони на која диригинти беа тимовите на ПСЖ(дома 1-3) и Лајпциг(на гости 3-2).
Одкако нашиот тим беше елиминиран од Лигата на Шампиони следуваа низа на добри резултати кои му носат поволна позиција во Премиер Лигата и ЕФЛ Купот. Најпрво нашите момци одиграа 0-0 на Олд Трафорд со Манчестер Сити, после тоа следуваше победа над Шефилд Јунајтед со 2-3 и текако тешко издвојувана победа над последнопласираниот тим на табелата, после тоа следуваше декласирањето на Лидс Јунајтед на Олд Трафорд со 6-2, следуваше елиминацијата на Евертон од ЕФЛ купот и 1/2 финале за нашиот тим, па нерешено со Лестер 2-2 и на крај во последен момент издвојувана победа над Вулверхемптон.
Ова е комплетниот преглед на резултатите од оваа полусезона(2020):
Манчестер Јунајтед 1-3 Кристал Палас
Лутон 0-3 Манчестер Јунајтед
Брајтон 2-3 Манчестер Јунајтед
Брајтон 0-3 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-6 Тотенхем
Манчестер Јунајтед 1-6 Тотенхем
Њукасал 1-4 Манчестер Јунајтед
ПСЖ 1-2 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 0-0 Челзи
Манчестер Јунајтед 5-0 Лајпциг
Манчестер Јунајтед 0-1 Арсенал
Башахшехир 2-1 Манчестер Јунајтед
Евертон 1-3 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-0 ВБА
Манчестер Јунајтед 4-1 Башахшехир
Саутемптон 2-3 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-3 ПСЖ
Вестхем 1-3 Манчестер Јунајтед
Лајпциг 3-2 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 0-0 Манчестер Сити
Шефилд Јунајтед 2-3 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 6-2 Лидс
Евертон 0-2 Манчестер Јунајтед
Лестер 2-2 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-0 Вулверхемптон
Моментална ситуација на табелата во Премиер Лигата
Манчестер Јунајтед - Астон Вила 01.01.2021 од 21:00h
Ливерпул - Манчестер Јунајтед 17.01.2021 од 17:30h
Фулам - Манчестер Јунајтед 20.01.2021 од 21:15h
Манчестер Јунајтед - Шефилд Јунајтед 27.01.2021 од 21:15h
Арсенал - Манчестер Јунајтед 30.01.2021 од 18:30h
Манчестер Јунајтед - Саутемптон 02.02.2021 од 21:00h
Манчестер Јунајтед - Евертон 06.02.2021 од 16:00h
ВБА-Манчестер Јунајтед 13.02.2021 од 16:00h
Манчестер Јунајтед - Њукасл 20.02.2021 од 16:00h
Челзи - Манчестер Јунајтед 27.02.2021 од 16:00h
Манчестер Сити - Манчестер Јунајтед 06.03.2021 од 16:00h
Манчестер Јунајтед - Вестхем 13.03.2021 од 16:00h
Кристал Палас - Манчестер Јунајтед 20.03.2021 од 16:00h
Манчестер Јунајтед - Брајтон 03.04.2021 од 16:00h
Тотенхем - Манчестер Јунајтед 10.04.2021 од 16:00h
Манчестер Јунајтед - Барнли 17.04.2021 од 16:00h
Лидс - Манчестер Јунајтед 24.04.2021 од 16:00h
Манчестер Јунајтед - Ливерпул 01.05.2021 од 16:00h
Астон Вила - Манчестер Јунајтед 08.05.2021 од 16:00h
Манчестер Јунајтед - Лестер 11.05.2021 од 21:00h
Манчестер Јунајтед - Фулам 15.05.2021 од 16:00h
Вулверхемптон - Манчестер Јунајтед 23.05.2021 од 16:00h
Распоред во ЕФЛ Купот:
Тимот на Манчестер Сити е следниот противнник на Манчестер Јунајтед во ЕФЛ Купот
Во другото полуфинале од овој куп се среќаваат Тотенхем и Брентворд и ако успее да го елиминира градскиот ривал нашиот клуб во фоналето ќе се соочи со некој од овие два тима
Распоред во ФА Купот:
Тимот на Ватворд е следниот противнник на Манчестер Јунајтед во ФА Купот
Манчестер Јунајтед - Ватворд 09.01.2021 од 21:00h
Манчестер Јунајтед - Ватворд 09.01.2021 од 21:00h
Ако успее да го елиминира тимот на Ватворд можни противници во наредните фази нашиот тим може да ги очекува сите Премиер Лигаши, сите тимот од Чемпионшип лигата како и оние кои успејаа да стигнат до оваа фаза од ФА Купот и го помина својот противник во 1/32 финалето од ФА купот а се дел од понискорангираните лиги во англија.
Распоред во Лига Европа:
Реал Сосиедад - Манчестер Јунајтед 18.02.2021 од 18:55h
Манчестер Јунајтед - Реал Сосиедад 25.02.2021 од 21:00h
Ако успее да го елиминира тимот на Реал Сосиедад во 1/16 финалето од Лига Европа во нареднит е 4 фази можни противници на нашиот тим се Волсвергер, Тотенхем, Динамо Киев, Клуб Бриж, Бенфика, Арсенал, Црвена Ѕвезда, Милан, Антверп, Ренџерс, Славиа Прага, Лестер, Салзбург, Виљареал, Брага, Рома, Краснодар, Динамо Загреб, Јанг Бојс, Бајарн Леверкузен, Молде, Хофенхајм, Гранада, Наполи, М. Тел Авив, Шахтор, Лил, Ајакс, Олимпиакос и ПСВ. Теоретски секој од овие тимови може да биде противник на Манчестер Јунајтед во сите фази.
Првиот есенскиот дел од сезоната е веќе заднас, но сега следува малку подолгиот дел од сезоната, во него нашиот тим има два меѓусебни дуели со Ливерпул на кои може јасно да се види кој е подобар. Сепак досегашниот дел од сезоната беше тој погустиот во овој дел од сезоната освен во Јануари и Февруари распоредот не е толку густ, бидејќи следуваат и национални паузи. Ние се надеваме дека во продолжението од сезоната нашиот тим ќе продолжи со истото темпо и континуитет и нема да ја извалка досегашната слика за нив, можеби и најдобра по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.
Прочитајте ги и Анализите на нашите млади тимови како и на нашиот женски тим на следниве линкови:
Следете не на Фејсбук, Инстаграм и Габ:
Instagram: manchesterunitedmacedonia или со линк https://www.instagram.com/manchesterunitedmacedonia/
No comments:
Post a Comment