Почитувани фанови како што веќе спомнавне покрај тоа што нашиот тим до 18 години го заврши својот настап за 2020 и чиј настап го анализиравме веќе и можете да го прочитате овде и нашиот женски тим, а и уште порано нашиот тим до 23 години го заврши својот настап за 2020. Сепак ќе почекаме до вечер да заврши колото во Премиер Лигата 2 за да го анализираме нашиот тим до 23 години. Сега да видиме што направија нашите девојки изминатава сезона.
Како што веќе спомнавме во неколку постови на фејсбук и инстаграм нашиот женски тим го заврши есенскиот дел од сезоната на првата позиција на табелата. Исто така вреди да потсетиме и дека ова им е трета сезона откако се формирани. Во првата нивна сезона 2018/19 како новоформиран тим се натпреваруваат во втората по квалитет англиска женска лига каде завшија на првата позиција на табелата со огромна доминација. Минатата сезона немаа некој посебен успех, дали поради тоа што тимот сеуште не беше спремен за прволигашки фудбал или поради друга причина сега и не е толку битно, но сега покрај тоа што се во положба да се пласираат во Лига на Шампиони жени(Во Англија прво место се пласира директно, второ и трето играат квалификации) на добар пат се и да ја освојат титулата, што за клуб кој постои само три сезони е остварување на сонот.
Факт со кој може да се гордее нашиот женски тим е тоа што одиграа полусезона а сеуште ја немаат осетено горчината на поразот. На 10 одиграни натпревари имаат 8 победи и 2 нерешени. Женскиот тим на Челзи исто така е без пораз исто така има само две нерешени, но има 2 заостанати натпревари. Моментално најдобар стрелец во тимот е Ли Галтон со 5 погодоци. За разлика од В. Мадема од Арсенал која има 11 погодоци тоа не е ни приближно, но фактот дека дури 11 девојки успеја да се запишат во листата на стрелци, и плус две други што ги нема во листата на стрелци да се запишат во листата на асистенти говори за тоа дека во Манчестер Јунајтед Ж се игра тимски фудбал, а не само поединци да доминираат. Ова е комплетната листа на стрелци и асистенти за оваа полусезона:
Нашиот тим нема постигнато најмногу погодоци во Лигата, нити пак ја има најдобрата одбрана, но се наоѓа на првата позиција на табелата. 😏
Тренерката на женскиот тим Кејси Стоун може да биде горда на своите фудбалерки, бидејќи никој не очекуваше толку од нив. Сепак што би рекле старите пу, пу да не ги урочиме... Се надеваме на исто толку добар продолжеток од оваа сезона чиј почеток е закажан за 09.01.2021, а нашиот тим својот натпревар ќе го игра веќе следниот ден на 10,01. На вас драги фанови можеме да ви препорачаме да си гледате и женски фудбал, особено да го пратите нашиот тим, бидејќи девојките играат фудбал да ти е мерак да ги гледаш, милина за очи.
Ова е комплетниот пријавен состав:
Голманки
27.Ерпс Мари-27 години
27.Ерпс Мари-27 години
22.Френ Бентли-19 години
1.Емили Рамзи-20 години
Одбрана:
17.Она Батље -21 година
2.Марта Харис -26 години
5.Абие МекМанус- 27 години
3.Лота Оквист-23 години
20.Кристи Смит-26 години
4.Еми Тарнер-29 години
21.Мили Тарнер-24 години
Среден ред:
14.Џеки Гронен-26 години
77. Тобин Хет-32 години
12. Лед Хејли- 27 години
23. Алесија Русо-21 година
37. Луси Стеинфот-27 години
10. Катие Зелем-24 години
Напад:
13.Ивана Фусо-19 години
11. Гелтон Ли-26 години
18. Кристи Хенсон-22 години
16. Џејмс Лаурен-19 години
24. Кристен Прес-31 година
19. Рос Џејн-31 година
9. Џесика Стивворт-26 година
7. Еља Ен Тун-21 година
Тренер:
Кејси Стоун
Манчестер Јунајтед 1-1 Челзи
Бирмингам 2-5 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 3-0 Брајтон
Тотенхем 0-1 Манчестер Јунајтед
Вестхем 2-4 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 1-0 Арсенал
Манчестер Јунајтед 2-2 Манчестер Сити
Астон Вила 0-2 Манчестер Јунајтед
Рединг 1-2 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 6-1 Бристол Сити
Табела во женската супер Лига
Одиграни натпревари во женскиот супер куп од кои се елиминирани:
Ливерпул 3-1 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 0-0 Манчестер Сити (4-3 на пенали)
Евертон 1-0 Манчестер Јунајтед
Табела од групата Ц во женскиот супер куп
Распоред на натпревари во Англиската Женска Супер Лига
Евертон-Манчестер Јунајтед 10.01.2021 во 14:00h
Челзи - Манчестер Јунајтед 17.01.2021 во 15:00h
Манчестер Јунајтед - Бирмингам 24.01.2021 во 13:00h
Манчестер Јунајтед - Рединг 07.02.2021 во 13:00h
Манчестер Сити - Манчестер Јунајтед 12.02.2021 во 20:00h
Манчестер Јунајтед - Астон Вила 07.03.2021 во 13:00hАрсенал - Манчестер Јунајтед 18.03.2021 во 20:30h
Манчестер Јунајтед - Вестхем 28.03.2021 во 13:00h
Брајтон - Манчестер Јунајтед 04.04.2021 во 15:00h
Манчестер Јунајтед - Тотенхам 25.04.2021 во 13:00h
Бристол Сити- Манчестер Јунајтед 02.05.2021 во 15:00h
Манчестер Јунајтед - Евертон 09.05.2021 во 15:00h
Само да напоменеме дека покрај во женската супер лига нашиот тим очекува и ждрепка за Англиски Женски ФА куп, натпреварување во сличен формат како машкиот ФА куп.
На повеќето од овие натпревари би требало да има пренос на официјалната програма за нашиот клуб MUTV во гореспоментатите термини по македонско време.
Пратете не на фејсбук и инстаграм за да дознаете повеќе за нашите млади тимови и за нашиот женски тим!!!
Instagram: manchesterunitedmacedonia или со линк https://www.instagram.com/manchesterunitedmacedonia/
No comments:
Post a Comment