Манчестер Јунајтед полека, но сигурно се враќа на старите патеки. За тоа секако најзаслужен е ,,Аргентинскиот" интернационалец, Анхел Ди Марија. Тој е еден од ретките играчи што трансферот не му влијаеше на неговата игра, односно тој сега е во иста форма од Реал, ако не и во подобра.
Напаѓачот на аргентинската репрезентација и Манчестер Јунајтед како мотивација ја смета доврбата од клубот токму тој да го носи легендарниот број 7.
,,Седмацита ми е голема мотивација. Знам кој се го има носено тој број и многу ми значи што го носам токму тој број."- изјави Ди Марија.
Бившиот фудбалер на Реал Мадрид исто така истакна дека неговиот поранешен колега Кристијано Роналдо му кажувал добри работи за Јунајтед.
,,Роналдо сакаше да останам, ама ми рече дека одлично ќе се снајдам во Манчестер. Ми рече дека ќе имам голема подршка и не е погрешно да се преселам таму."-додаде Аргентинецот.
No comments:
Post a Comment