Давид Де Геа е моментално еден од најдобрите голмани во светот, исто така е прогласен и за најдобар играч на Манчестер Јунајтед за минатата сезона. Но дали сте знаеле дека токму Давид Де Геа некогаш бил напаѓач.
,,Во својата школа Давид беше играч во поле се до неговата 14 година. Игравме фудбал во сала а тој беше нашиот најдобар напаѓач." -изјава на Круз( тогашниот тренер на Давид Де Геа).
Давид Де Геа не е единствениот голман кој во детството имал блескава фудбалска кариера како играч во поле. Најдобриот голман на Денешницата Џан-Лујџи Буфон кариерата ја има започнато како везен играч и тоа во редовите на Парма.
Освен во фудбал Давид Де Геа го бивало и за кошарка и за атлетика.
,,Беше одличен во кошарка, беше висок и брз играч. Исто така беше одличен во гимнастика. Но неговиот татко беше голман за Хетафе. Целото нивно семејство едноставно живее за фудбалот."- изјава на другар на Де Геа од деството.
Инаку Давид Де Геа во својата 14-та година е повикан во академијата на Атлетико Мадрид секако како напаѓач. За место во тимот се борел верувале или не со Џоел Роблес (сегашниот фудбалер на Евертон).
После тоа следи неговиот интерес кон бранењето. Потоа од страна на неговиот тренер ја добил шансата да брани. Но Де Геа еднаш кога ја добил таа шанса веќе не ни помислил да се врати во поле, многу слично со ситуцијата на Џанлујџи Буфон.
Понатамошмиот дел од неговата кариера на повеќето од вас им е познат. Беше голман на Атлетико Мадрид се до 2011 година кога премина во Манчестер Јунајтед. Каде е до ден денес.
No comments:
Post a Comment