Saturday, November 1, 2014

Најава: Манчестер Сити-Манчестер Јунајтед

 10-коло, второ големо дерби за Манчестер Јунајтед по Челзи минатиот викенд сега наред е градскиот ривал Манчестер Сити.

По натпреварот со Челзи се врати самобовербата кај играчите на Манчестер Јунајтед особено по оној погодок на Робин Ван Перси во 94-тата минута. Евентулна победа над градскиот ривал Манчестер Јунајтед ќе го лансира на 6-тата позиција на табелата. Додека за Манчестер Сити овој натпревар нема никакво резлтатско значење, односно без разлика на резултатот од овој натпревар тие остануваат на третата позиција на табелата, но прашањето е со колку бода разлика зад Челзи и Саутемптон.

Овој натпревар ќе биде 168-ми мегусебен натпревар помеѓу овие 2 лути градски ривали. Манчестер Јунајтед ја брка 70-тата победа над градскиот ривал. Да се надеваме дека тој сон ќе се оствари утре. На ,,граѓаните" пак им фалат 2 победи за да имаат 50 победи над ,,црвените ѓаволи". 50-ката пак е бројот кој го имаат одиграно нерешени средби овие два тима меѓу себе.

Овие два тима досега имаат одиграно 34 Премиер Лигашки натпревари. 18 пати се радувале Манчестер Јунајтед, 10 пати Сити и само 6 завршиле нерешно. Последен пат ови два тима одиграле нерешено на 10 Ноември 2010 на Етихад, со резутат 0-0.

Најголемата победа на Манчестер Јунајтед над Манчестер Сити е со резултат 5-0, додека најголемата победа на Сити над Јунајтед е со резултат 1-6 и 5-0. На Етихад  Манчестер Јунајтед највеќе победиле со резултат 2-3.

Во составот на Манчестер Јунајтед се враќаат Антонио Валенсија и Вејн Руни, а нема да можат да настапат Џони Еванс, Пади Мекнер, Џеси Лингард и Радамел Фалкао сите поради повреди.

Можен состав:
Де Геа, Рафаел, Смолинг, Рохо, Шо, Ди Марија, Валенсија, Херера, Мата, Руни Ван Перси.

Стадион: Етихад-Манчестер
Судија: Мајкл Оливер
Натпреварот е закажан за 02 Ноември 2014, 14:30 часот по Македонско време. 

No comments:

Post a Comment