Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и ЛА Галакси, вчера настрадал во сообраќајна насреќе, враќајќи го својот 16 годишниот син Бруклин од натпревар.
Инаку Бруклин Бекам, синот на Дејвид Бекам настапува за тимот на Арсенал У16. Вчера неговиот тим имал натпревар со Брајтон каде тој настапил. По завршувањето на тој натпревар се случила несреќата.
,,Тие се потресени. Ударот бил силен, но за среќа никој нема посериозна
повреда. Колата што се движела во спротивен правец возела многу брзо."-пренесува весникот Телеграф.
За среќа нема посериозно повредени ни во другиот автомобил со кој се судрил Дејвид Бекам.
Британските медиуми исто така не заборавија да спомнат дека на Дејвид Бекам ова не му е прв ваков инцидент. Во 2011 година тој имаше судир на автопат во близината на Лос Анџелес,
минатата година се судри со својот теренец во друг автомобил при
излегување од домот во Беверли Хилс, а интересно и тогаш во возилото бил
Бруклин. Последниот инцидент се случи во август кога исто така на
американска територија, Бекам падна од својот мотоцикл, но и тогаш
помина неповреден.
No comments:
Post a Comment