Втор натпревар за три дена за екипите од Премиер Лигата. Манчестер Јунајтед по трите последователни победи очајно се надева на продолжување на серијата, тимот на Стоук пак е со променлива форма со 3 порази, победа и нерешено на последните 5 средби.
Овие два тима во својата историја се имаат сретнато точно 100 пати, утрешниот ќе им биде 101-ви пат. Манчестер Јунајтед има 41 победа, 32 нерешени и 27 порази со овој противник.
Што се однесува до Премиер Лигашките средби помеѓу овие два тима утрешниот ќе биде 13-ти. Досега Манчестер Јунајтед се имаат радувано 10 пати еден натпревар завршил со нерешен резултат(24 Септември 2011) и еднаш се радувале играчите на Стоук Сити (01 Февруари 2014).
Најголемата победа на Манчестер Јунајтед над овој противник им на двапати со резултат 5-0 (15 Ноември 2008 и 6 Април 1985), а најголемиот пораз им е со резултат 7-1 (7 јануари 1893), но тагаш Манчестер Јунајтед сеуште се викаше Њутан Хит. Најголемиот пораз под денешното име им е на неколку пати со резултат 3-0.
Најголема победи на Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд над утрешниот противник им се веќе спомнатите две победи со резултат 5-0, а најголемите порази на Олд Трард им се со резултат 0-2 и такви ги има повеќе.
Што се однесува до повредите исти се како со Хул повредени се Дајли Блинд,Лук Шо и Фил Џонс, а неизвесен е Рафаел, а неверувам дека ќе настапи ни Џони Еванс бидејќи сега одигра натпревар за Манчестер Јунајтед У21.
Можен состав:
Де Геа, Валенсија, МекНеир, Керик, Блекет, Јанг, Фелаини, Херера, Мата, Руни, Вилсон
Стадион: Олд Трафорд
Судија: Џонатан Мос
Натпреварот е закажан за 02 Декември 2014 за од 20:45 часот по Македонско време.
No comments:
Post a Comment