Нов голем натпревар за Манчестер Јунајтед. Во обид да стигнат до 7-мата победа по ред, нешто што последен пат им се има случено во времето на легендарниот Сер Алекс Фергусон, ги чека тимот на Пол Ламберт.
Денешниов ќе биде 183-ти меѓусебен натпревар помеѓу овие два клуба. До сега Астон Вила има 49 победи, 38 натпревари завшиле без победник и дури 95 натпревари ги добиле Манчестер Јунајтед, што е еден од најдобрите биланси на црвените ѓаволи во меѓусебните натпревари со било кој клуб.
Во Премиер Лигата ситоацијата уште повеќе во полза на ,,црвените ѓаволи". Од 44 натпревари дури 31 натпревар добиле играчите на Манчестер Јунајтед, 10 завршиле нерешено и момчињата од Вила Парк се радувале само 3 пати.
Најголемата историка победа на Манчестер Јунајтед над Астон Вила е на двапати со резултат 7-0(24 Октомври 1964 и 8-ми Март 1950) и двете на Олд Трафорд, а најголемата победа на Астон Вила над Јунајтед е исто така со резултат 7-0 на 27 Декември 1930 на Вила Парк. Најголемата победа на Манчестер Јунајтед пак на Вила Парк им е со 4 гола разлика.
Манчестер Јунајтед е во низа седум Премиер Лигашки победи над Астон Вила, денес со нетрпение ја чекаат 8-мата.
За Луис Ван Гал добра работа е што се вратија Анхел Ди Марија и Лук Шо на тренинзите, но најверојатно тие двајца ќе бидат на клупата, освен ако не се одлучи да ризикува со Анхел Ди Марија, за Лук Шо мислам дека нема таква потреба бидејќи на таа позиција го има Ешли Јанг, кој е во одлична форма. Единствено Дајли Блинд и Крис Смолинс се повредени, а незивесен е Маркос Рохо, но Џонс, Еванс и Мек Неир се овде.
Можен состав:
Де Геа, Валенсија, Џонс, МекНеир, Јанг, Керик, Херера, Мата, Руни, Фалкао, Ван Перси
Стадион: Вила Парк
Судија:
Натпреварот е закажан за 20 Декември 2014 за од 16:00 часот
No comments:
Post a Comment