Повторно тежок натпревар ги очекува играчите на Луис Ван Гал, но не дека ќе им биде полесно и играчите на Алан Перју. По нерешениот натпревар со Астин Вила сега црвените ѓаволи се жедни за победа, тоа најверојатно утре ќе го осети тимот на Њукасал на своја кожа.
По големата победа над Челзи, тимот на Њукасал забележа три последователни порази и тоа од Арсенал, Тотенхем и Сандарленд. На Манчестер Јунајтед пак тимот на Астон Вила успеа да им ја прекине низата од 6 победи по ред, тоа секако треба да им биде дополнителна мотивација пред натпреварот со Њукасал.
Ова е историски 160-ти натпревар помеѓу овие два тима.Досега Манчестер Јунајтед има 81 победа, Њукасал има 41 и 37 натпревари завршиле нерешено. Воедно ова е 41-ви меѓусебен натпревар во рамките на Премиер Лигата. Досега од 40 одиграни натпревари дури 24 пати се радувале црвените ѓаволи, само 5 пати играчите на Њукасал и 11 средби завршиле без победник.
Манчестер Јунајтед во рамките на Премиер Лигата има само еден пораз на Олд Трафорд од Њукасал и тоа минатогодишниот под водство на Дејвид Мојс.
Најголемите победи на Манчестер Јунајтед над утрешниот противник им се со 6-0, додека најголемиот пораз им е со 6 гола разлика поточно со резултат 1-7, натпревар одигран на 10 Септември 1927 година на Олд Трафорд.
Што се однесува до составот на Манчестер Јунајтед, Луис Ван Гал ги има на располагање повеќето играчи, единствено Лук Шо, Рафаел и Дајли Блинд нема да му бидат на располагање.
Можен состав:
Де Геа, Валенсија, Џонс, Рохо, Јанг, Херера, Фелаини, Ди Марија, Руни, Фалкао, Ван Перси
Стадион:Олд Трафорд
Судија: Мајк Џонс
Натпреварот е закажан за 26 Декември 2014 година за од 16:00 часот.
Фелаини не е на располаѓање
ReplyDelete