Sunday, December 7, 2014

Најава: Саутемптон-Манчестер Јунајтед

 
Нов тежок предизвик за црвените ѓаволи. По поразите на Челзи, Евертон, Арсенал и реми средбите на Тотемхем и Ливерпул, Манчестер Јунајтед можат да ја искористат ситоацијата што ќе ги доближи до врвот, но со евентулна победа можат да врзат 5 последователни победи нешто што уште го немаат направено во 2014-та година.

115 досега одиграни средби помеѓу овие два противника. Манчестер Јунајтед има 59 победи, Саутемптон 26 и 30 завршиле нерешено.

Последните 2 средби завршиле без победник, а пред тоа Манчестер Јунајтед беа во низа од 8 победи по ред.

Најголемите победи на Манчестер Јунајтед над Саутемптон се со резултат 5-0(28 Октомври 2000 и 13 Септември 1986) и 6-1(22 Декември 2001), а најголемата победа на Сант Мери стадионот им е со резултат 0-4(12 Март 2005).

Најголемата победа на Саутемптон пак над утрешниот противник им е со 3 гола разлика и тоа неколку пати.

Што се однесува на натпревари од Премиер Лигата досега овие два ривали имаат одиграно 30 Премиер Лигашки натпревари. 21 победа за Манчестер Јунајтед, 4 нерешени средби и 5 победи на Саутемптон.

Гореспоменатите најголеми победи на двата тима се однесуваат и на натпреварите од Премиер Лигата.

Што се однесува до составот на Манчестер Јунајтед единствено повредени се Лук Шо и Анхел Ди Марија, но најверојатно нема да можат да настапат ниту пак Фил Џонс, Далеи Блинд, Андерсон и Џеси Лингард иако тренираат, но не се доволно физички подготвени. 

Можен состав:
Де Геа, Рафаел, Еванс, Рохо, Јанг, Керик, Фелаини, Херера, Мата, Руни, Фалкао

Стадион: Сент Мери
Судија: Кевин Френд
Натпреварот е закажан за 08 Декември 2014-та за од 21:00 часот

No comments:

Post a Comment