Последен натпревар за 2014, последно доживување од годината што започна катастрофално со 5 порази од 7 натпревари во месец Јануари.Зошто истата година да не заврши со 5 победи од 6 натпревари во месец декември. Можат нашите момци утре да ни остават барем некој добар спомен од оваа година, да можеме да ја памтиме дека сме ја завршиле победнички.
Црвените ѓаволи имаат 7 победи на последните 10 натпревари истото важи и за тимот на Тотенхем, но со се натпреварите во Лига Европа, додека во Премиер Лигата имаат 6 победи на последните 10 натпревари, што само ја потврдува одличната форма во која се наоѓа овој тим.
Утрешниот ќе биде 181 натпревар помеѓу овие два тима, досега 85 пати се радувале ,,црвените ѓаволи", 48 пати тимот на ,,Спарс" и 47 натпревари завршиле нерешено. Во на Премиер Лигата пак овие два тима досега одиграле 44 натпревари од кои 29 натпревари ги добил тимот од Олд Трафорд, 10 завршиле нерешено и само 5 пати се радувале играчите на Тотенхем. Но Манчестер Јунајтед нема победа над Тотенхем на последните 4 натпревари(2 порази и 2 нерешени). Последниот пораз на Тотенхем од Манчестер Јунајтед им е на 4 Март 2012 година, кога тимот на Сер Алекс Фергусон се радуваше со резултат 1-3.
Најголемите победи на Манчестер Јунајтед над Тотетенхем и на Тотетемхем над Манчестер Јунајтед им се со 5 гола разлика и тоа на неколку пати. Но никако нема да го заборавиме оној натпревар од 29 Септември 2001 година кога Тотехнхем на полувреме водеше во резултат 3-0, а на крај се радуваа ,,црвените ѓаволи" со резултат 5-3.
Што се однесува до составот полека но сигурно се враќаат повредените играчи, Лук Шо отпатувал со тимот во Лондон, опоравени се и Дајли Блинд и Рафаел. Единтвено неизвесни се Рохо, Фелаини, Смолинг и Херера.
Можен состав:
Де Геа, Валенсија, Џонс, Блекет, Јанг, Керик, Ди Марија, Мата, Руни, Фалкао, Вилсон
Стадион: Вајт Харт Лејн
Судија: Џонатан Мош
Натпреварот е закажан за 28 Декември 2014 година 13:00 часот по Македонско време
No comments:
Post a Comment