Sunday, December 14, 2014

Манчестер Јунајтед 3-0 Ливерпул

 
Огромна победа за Манчестер Јунајтед. Нешто непроценливо е кога е еден фан на Манчестер Јуанјтед ќе доживее неговиот омилен тим да го победи својот најголем ривал и тоа со 3 гола разлика. Чувство е исто како фан на Барселона да дожие како Барселона го победува Реал Мадрид со 3-4 гола разлика. Тоа е нешто од непроценлива вредност.

Стерлинг уште во 10-тата минута од натпреварот имаше шанса да му донесе предност на својот тим но во тоа го спречи Давид Де Геа. Веднаш потоа на спротивната страна Вејн Руни по одлилчната асистенција од Антонио Валенсија му носи предност на својот тим. 

Веднаш потоа итиот играч имаше уште неколку ситоации шанса да го израмни резултатот, но во ите ситоации поуспешен од него беше голманот на Манчестер Јунајтед. 

Судијата во контроверзни ситоации им додели жолти картони на неколку играчи на Манчестер Јунајтед, но помошникот му поклони гол на Хуан Мата во 40', најверојатно помошникот мислеше дека Робин Ван Перси не ја допрел топката, но секако Хуан Мата му носи предност на Манчестер Јунајтед од 2-0.

На почетокот на вториот дел Стерлинг ја имаше и најголемата шанса да му донесе водство на својот тим одкако излезе сам пред голот на Манчестер Јунајтед во еден момент го помина и Давид Де Геа, но Англичанецот не се ослободува на време од топката и Де Геа успева да се врати.

Стерлинг подоцна и Балотели имаа уште неколку шанси да го намалат водството на ,,црвените ѓаволи", но во сите ситоации Де Геа излезе подобар од нив двајца.

 Во 71' Робин Ван Перси го постигнува 3-тиот погодок за Манчестер Јунајтед со што става точка на натпреварот.


Состав:Де Геа, Валенсија, Џонс(Мек Неир 89'), Еванс, Јанг, Керик Фелаини, Мата, Руни(Фалкао 78') ,Ван Перси, Вилсон(Херера 71')

Неискористени замени:
Линдегард,  Блекет,  Флечер, Јанузај

 

Играч на натпреварот:
Давид Де Геа
 

No comments:

Post a Comment