Нов голем предизвик и за двата клуба. Моментално и на двата клуба очајно им требаат победи за да ја остварат својата цел. Што значи дека нерешено во никој случај не им одговара ни на двата клуба што го прави овој натпревар интересен.
Ова е точно 220 меѓусен натпревар помеѓу овие два тима. До сега Манчестер Јунајтед има 94 победи, Арсенал 79 и 46 завршиле нерешено.
Најголемата победа на Арсенал над Манчестер Јунајтед е со резултат 6:1 на Емирати, а на најголемата победа на Манчестер Јунајтед над Арсенал сите се сеќаваме, односно тоа е оној натпревар одигран на 28 Август 2011 година кога ,,црвените ѓаволи" славеа на ,,Олд Tрафорд" со резултат 8:2.
Што се однесува до составот на Манчестер Јунајтед Ван Гал повторно има проблеми со повредите Рафаел, Ешли Јанг, Џони Еванс, Маркос Рохо, Дели Блинд, Џеси Лингард и Радамел Фалкао се се тоа играчи на кои не може да смета Луис Ван Гал а неизвесени се и Лук Шо и Мајкл Керик, додека добра вест е враќањето на Давивд де Геа и Анхел Ди Марија кој на почетокот на неделата беа најавени како повредени.
Можен состав:
Де Геа, Валенсија, МекНеир, Смолинг, Шо, Ди Марија, Фелаини, Херера, Мата, Руни, Ван Перси
Судија: Мајк Дин
Стадион: Емирати
Натпреварот е закажан за 22 Ноември 2014 година за во 18:30 часот
No comments:
Post a Comment