Friday, November 7, 2014

Најава: Манчестер Јунајтед-Кристал Палас


По поразот од Манчестер Сити, "црвените ѓаволи"овој натпревар едноставно мораат да го добијат и тоа со што поголема разлика ако сакаат да се вратат во живот, во спротивно ги очекува полоша сезона и од минатата.

Утрешниот натпревар  ќе биде 45-ти меѓусебен дуел помеѓу овие два противника. Од досегашните 44 дури 28 им припаднале на ,,црвените ѓаволи", само 7 пати се радувале Кристал Палас и 9 натпревари завшиле без победник.

Манчестер Јунајтед сеуште нема пораз од овој противник во натпреварите кои се играле во рамките на Премиер Лигата. Од досегашните 10-Премиер Лигашки средби  8 има добиено тимот од ,,Олд Трафорд" и 2 завршиле нерешено.

Најголема победа на ,,црвените ѓаволи" над утрешниот противник им е со резултат 5-1, натпревар од 15 Април 1924-та година, натпревар од тогашната Англиска лига 2. Најголемиот пораз пак им е со резултат 5-0(16.12.1972), но кај Кристал Палас.

Најголемата победа на Кристал Палас на Олд Трафорд им е минамална со резултат на двапати 1-2 и еднаш 0-1.

Што се однеува до составот на Манчестер Јунајтед Луис Ван Гал најголеми проблеми има со дефанзивата дури 4-ца дефанзивци нема да можат да настапат главно поради повреди и Крис Смолинг поради суспрензија. Рохо, Џонс, Еванс, Смолинг, Рохо и Фалкао се играчите на кој Луис Ван Гал нема да може да смета на овој натпревар.

Можен Состав:
Де Геа, Рафаел, Торп, Белекет, Шо, Блинд, Херера, Ди Марија, Мата, Руни, Вилсон

Стадион: Олд Трафорд
Судија:Крис Фои
Натпреварот е закажан за 08.11.2014 за од 16:00 часот по македонско време.

No comments:

Post a Comment