Saturday, October 25, 2014

Најава: Манчестер Јунајтед-Челзи






Прв натпревар на Манчестер Јунајтед кој го игра со тимовите од големата 4-ка. Со тимовите од долниот дел на табелата не се покажаа баш најдобро, па да видиме како ќе се покажат во дерби пресметките.

Овие два тима во својата историја се имаат сретнато 170 пати значи овој ќе им биде 171-ви. 

Од тие 170 натпревари дури 71 натпревар ги добиле ,,црвените ѓаволи", 46 заввршиле нерешено и 49 пати имаат победено ,,сините од Лондон", што значи дека тие утре ќе се борат за љубилејната 50-та победа над најтрофејниот англиски клуб.

Во рамките на натпреварите од Премиер Лигата ситуацијата е сосема поинаква 12 натпревари имаат добиено играчите на Челзи, 16 имаат завршено без победник и само 9 пати имаат победено Манчестер Јунајтед што значи дека тие пак ќе ја бркаат 10-та Премиер-лигашка победа над Челзи.

Најголемата победа на Манчестер Јунајтед над денешниот противник им е со резултат 6-0(26 декември 1960). Обратно пак Челзи највеќе 5-0 го има победено Манчестер Јунајтед и тоа на 3 Октомври 1999 година на Стемфор Брич.
 
Челзи 5-0 Манчестер Јунајтед


Најголемата победа на Манчестер Јунајтед над денешниот противник во рамките на Премиер Лигата им е со резултат 4-1, а најголемата победа на  Челзи на Олд Трафорд им е со резултат 0-4.

Што се однесува до составот на Манчестер Јунајтед. Ван Гал нема многу проблеми со повредите фит за овој натпревар се и Анхел Ди Марија и Андер Херера иако беше најавено дека ќе го пропуштат овој натпревар. Единствено нема да можат да настапат Џони Еванс, Пади Мекнер, Џеси Лингард, Антонио Валенсија и Руни.

Можен состав:
Де Геа, Рафаел, Џонс, Рохо, Шо, Блинд, Херера, Ди Марија, Мата, Ван Перси, Фалкао

Стадион: Олд Трафорд 
Судија: Фил Даут
Натпреварот е закажан за 26.10.2014 за во 17:00 часот по Македонско време.

No comments:

Post a Comment