СНИМЕН ПРВИОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ СО РАЈАН ГИГС(ВИДЕО)
Снимен е првиот
дукементарен филм за нашата легенда Рајан Гигс со наслов ,,Животот на
Рајан: Привремен менаџер". Самото име на филмот не асоцира дека се
работи за времето кога тој беше привремен менаџер на Манчестер Јунајтед,
осносно кога Дејвид Моис доби отказ, а на негово место беше назначен
Рајан Гигс за привремен менаџер, односно имаше задача да ги води
последните 4 Премиер Лигашки меча кои и не беа од големо значење за
клубот, но тоа беа мечеви на кои Гигс требаше да ги покаже своите
менаџерски способности. Тој на тие 4 меча успеа да забележи 2 победи, 1
нерешено и 1 пораз.
Филмот е продуциран од ,,Fulwell"-продукцијата ,реномиран од класата 92'.
Во
филмот како главна улога се јавува самиот Рајан Гигс, освен него се
јавуваат легенди како: Сер Алекс Фергусон, Диего Марадона, Дејвид Мојс,
Пол Сколс, Ники Бат, Фил Невил, Гери Невил, Дејвид Бекам, Рио Фердинанд,
Мајкл Керик и Дарен Флечер.
,,Филмот започнува во куќата на
Рајан Гигс кога тој го слави својот 40-ти роденден со своето семејство.
Наредна значајна сцена е одпуштањето на Дејвид Мојст од функцијата
менаџер и назначувањето на Рајан Гигс кој е сеуште и активен играч на
таа позиција. Прикажани се неговите прес-конференции пред сите 4
меча,неговите изјави пред секој меч, изјавите на останатите легенди,
неговата сопруга и неговата ќерка за работата на Рајан Гигс и општо за
клубот, начинот на кој ја прави тактиката пред секој меч, излегувањето
на теренот на неговиот прв натпревар на оваа позиција и реакцијата на
публиката, неговото влегување на теренот и учинокот во играта на мечот
против Хул, односот со неговото семејтво и многу други моменти од тој
период од неговиот живот. Филмот завршува со одрабутувањето на неговиот
последен меч со Саутемптон и опростувањето од играчите, мислејќи дека е
можно да го напушти клубот."
Филмот има два дела кои можете да ги погледнете подоле.
No comments:
Post a Comment