Saturday, January 10, 2015

Најава: Манчестер Јунајтед-Саутемптон

 
 Манчестер Јунајтед е во низа од 5 победи на Олд Трафорд, сите навивачи на тимот од Манчестер од се срце се надеваат на продолжување на оваа серија. На Саутемптон најслаба страна му се големите тимови. Во првата полусезона Саутемптон загуби и од 3-те најдобро пласирани тимови на табелата.

Според моменталната ситоација на табелата ова е дерби. Се работи за третопласираниот и четврто пласираниот тим на табелата во Англиската Премиер Лига.

Утрешниот ќе биде 117 меѓусебен натпревар помеѓу овие 2 тима. Манчестер Јунајтед има 60 победи, Саутемптон има 26 и 30 натпревари завршиле нерешено. Ова пак е 32-ви Премиер Лигашки натпревар помеѓу овие два ривала. Досега Манчестер Јунајтед има 22 победи, Саутемптон има 5 и 4 натпревари завршиле без победник.

Најголемите победи на Манчестер Јунајтед над Саутемптон се со резултат 5-0(28 Октомври 2000 и 13 Септември 1986) и 6-1(22 Декември 2001), додека пак најголемите победи на Саутемптон над утрешниот противник им е со 3 гола разлика и тоа неколку пати.

Што се однесува до составот, ова е најдобра можна ситоација со само еден повреден фудбалер, Ешли Јанг. Ова е одличен момент за Ван Гал да излезе со добар состав кој неговиот тим ќе го донесе до победа, против незгодниот противник.

Можен состав:
Де Геа, Валенсија, Џонс, Рохо, Мек Неир, Шо, Фелаини, Ди Марија, Мата, Руни, Ван Перси
Стадион: Олд Трафорд
Судија: Фил Даут
Натпреварот е закажан за 11 Јануари 2015 од 17:00 часот.

No comments:

Post a Comment