Friday, January 30, 2015

Најава: Манчестер Јунајтед-Лестер


Навивачите на Манчестер Јунајтед сеуште ги болат 5-те погодоци од првиот натпревар сега очекуваат да им се возврати со иста мерка за тоа. Тимот на Лестер пак ќе се обиде да му зададе нови главоболки на 20 кратниот Англиски првак.

Играчите на Лестер се дополнително мотивирани по елиминацијата на Тотенхем од Фа Купот дека можат да сторат нешто и на овој меч. Тие исто така по серијата од неколку месеци без пораз полека си ја враќаат формата и имаат само 1 пораз на последните 6 средби и дури 4 победи.

Утрешниот ќе биде 119 меч помеѓу овие два тима досега 59 пати се радувале играчите на Манчестер Јунајтед, 33 пати Лестер и 26 натпревари завршиле без победник.

Досега овие два тима имаат одиграно 16 Премиер Лигашки натпревари. 11 натпревари има добиено Манчестер Јунајтед, 3 натпревари има добиено тимот на Лестер и 2 натпревари завршиле без победник. 

Првиот меѓусебен натпревар помеѓу овие два тима се одиграл на 22 Септември 1894, додека последниот се одиграл и завршил 2-3 за Манчестер Јунајтед(тогашен Њутан Хит), а последниот сите го памтиме се одигра на 21 Септември 2014 и заврши со 3-5 за Лестер.

Манчестер Јунајтед, Лестер највеќе го има победено 5-0 и тоа на двапати односно на 13 Ноември 1965 на гости и на 13 Септември 1980 дома. Лестер пак го има победено Манчестер Јунајтед со неверојатни 6-0 и тоа на 21 Јануари 1961. На Олд Трафорд пак Манчестер Јунајтед од овој противник најмногу има загубено со резултат 0-2.

Што се однесува до повредите нова главоболка е Мајкл Керик, но Ван Гал го има одличниот Дејли Блинд на таа позиција. Исто така Ван Гал нема да може да смета ниту на Ешли Јанг и Ван Перси останатите играчи би требало да сме во игра.

Можен состав:
Де Геа, Рафаел, Џонс, Рохо, Смолинг, Валенсија, Блинд, Ди Марија, Руни, Мата, Фалкао, Вилсон

Стадион:Олд Трафорд
Судија: Мартин Еткинсон
Натпреварот е закажан за 31 Јануари 2015 за 16:00 часот по македонско време

No comments:

Post a Comment