Денешниот ден е еден од најзначајните денови во историјата на Манчестер Јунајтед и воопшто за светскиот фудбал. Не дека се случил некој значаен настан како оној на 6 Февруари. Значајно е што на овој ден се одиграл најзначајниот натпревар во кариерата на Фергусон.Натпревар кој му ја спасува кариерата на Шкотот. Да не го добише Манчестер Јунајтед овој натпревар тие можеби денес немаше да го имаат 26 годишниот владетел.
Фергусон доаѓа на кормилото на Манчестер Јунајтед во 1986, кога тој го превзема клубот, тој се наоѓал во зоната за испаѓање. Сер Алекс на крај го дотуркува клубот до 11-тата позиција. Наредната сезона Фергусон има одлична сезона завршувајќи на второто место со 9 бода заостанување зад шампионот Ливерпул, но по таа сезона следува најтешкиот период во неговата кариера. Наредните 2 сезони се најлоши во неговата кариера. Тие 2 сезони клубот ги завршува на идинаесетата и тринаесеттата позиција, што е најниско во неговото владеење.
Во почетокот на 1990-тата година фановите биле толку гневни што на секој начин барале отказ на Фергусон од тренерската позиција. Според нив Шкотланѓанецот веќе три сезони наоѓал оправданија за слабите резултати.
На 7-ми Јануари Манчестер Јунајтед требало да му гостува на Нотингем Форест, кои во тоа време бил во одлична форма.Со оглед на формата на домакинот, слабите резултати на Фергусон и гневот на навивачите на Манчестер Јунајтед, медиумите почнале да шпекулираат дека ова ќе биде последниот натпревар на клупата за Фергусон .
Сепак Фергусон успева да си ја спаси кариерата победувајќи го Нотингем со резултат 0-1. Единствениот гол го постигнува Марк Робинс, кој според медиумите му ја спасува кариерата на Фергусон.
Подоцна Манчестер Јунајтед го освојува ФА Купот што представува и првиот трофеј на Фергусон во Манчестер. Сепак таа сезона представува најлошата лигашка сезона на Фергусон во Манчестер Јунајтед. Таа сезона ,,црвените ѓаволи" завршуваат на 13-тата позиција на табелата, но сепак Фергусон не добива отказ, најмногу заради освоената титула во ФА Купот и покрај тоа што навивачите повторно негодуваат на тоа. Сепак одлуката на раководството да го задржат Фергусон се покажува како вистинска, бидејќи тој потоа станува најтрофејниот тренер во историјата на фудбалот.
No comments:
Post a Comment