На 25 Јануари 1995 година се случи историски момент кој ќе остави голема трага во историјата на Манчестер Јунајтед, воопшто и во светскиот фудбал. Главната улога ја имаа конторверзниот играч на ,,црвените ѓаволи", Ерик Катона(кај навиачите попознат како ,,King Eric") и противничкиот навивач.
Целата ситоација се случи на мечот со Кристал Палас кој се играше во рамките на 26-тото коло од Премиер Лигата. Манчестер Јунајтед му гостуваше на Кристал Палас, очајно им беше потребна победа бидејќи водеа битка за титулата со тогаш моќниот Блегбурн. Стадионот на Кристал Палас,,Селхуст Парк" беше полн до последното место. Натпреварот го следеа околу 18.000 навичи, од кој многу мал дел беа гостински.
Бидејќи Енди Кол беше незабележителен на теренот домашните навивачи целото внимание го свртеа кон темперемантниот Ерик Катона. Целото прво пулувреме Катона беше на мета на домашните навивачи. На самиот почеток од вториот дел судијата му покажа црвен картон на французинот поради намерен старт врз противнички играч. Во тој момент понижувањата на домашните навивачи кон Ерик го достигнаа максимумот. Кантона се упати кон соблекувалната, а во тој момент еден навивач плукна по него и го опцу со погрди зборови. Се чини во тој момент му попуштија нервите на ,,темпераментниот играч на Манчестер Јунајтед" и се случи кулминацијата на целата ситоација која ќе остане запамтена во историјата на фудбалот. Кантона револтиран од домашниот навивачи ги помина радарите, ги скокна рекламните паноа и со неверојатен ,,кун фу" удар го нокаутира противничкиот навивач.Фудбалерите на гостинот помислија дека Ерик Катона е нападнат од противничкиот навивач и тргнаа во одбрана на својот соиграч, но голманот Петар Шајхел добро виде што се има случено и им објасни на сите што се случило, а Кантона го препрати Кантона до соблекувалната. Овој момент ќе остане запаметен со децении зошто е еденствен таков од фудбалските терени.
По овој инцидент французинот беше приведен, но му одередија само 120 часа друштвена-корисна работа и тој мораше да ги тренира малите дечиња од клубот бесплатно, како казна за стореното. Англиската федерација го казни пак со забрана 8 месец да се занимава со фудбал и парична казна во вредност од 30 иљади фунти. Таа сезона клубот не успеа да ја освои титулата, односно таа му припадна на тимот на Блегбурн Роверс, а дополнително разочарување за Манчестер Јунајтед беше поразот од Евертон од финалето на Фа Купот со резултат 0-1.
Ерик Кантона за оваа ситоација никогаш не се покаја односно во неколку изјави истакна и дека жали зошто не го удрил посилно противничкиот навивач.
,,Јас удрив обичен хулиган, штета што тоа беше млако, требаше да го удрам посилно“.
„Не згазнав стабилно на земјата како што сакав. Затоа го удрив повторно, но тоа не го направив доволно силно. Требаше да го удрам уште посилно“
Се дел од изјавите со кој тој го потврди тоа.
По завршувањето на кариерата на последната прес-конференција Кантона даде легендарна изјава:
По завршувањето на кариерата на последната прес-конференција Кантона даде легендарна изјава:
-„Кога галебите го следат бродот кој лови риби, знаат дека сардините ќе бидат фрлени во морето. Ви благодарам“.
По овој натпревар навивачите на Манчестер Јунајтед му го дадоа прекарот ,,кралот Ерик'' по кој и ден-денес е познат овој играч.
No comments:
Post a Comment