Неиграњето во Лигата на Шампионите и промената на курсот на доларот и фунтата донесоа нови главоболки за управата на Манчестер Јунајтед. По направените пресметки во клубот долгот изнесува неверојатни 514.900.000 евра што е за 32 милиони повеќе од овој период лани.
Заработката на клубот оваа сезона опадна за 143 милини евра во споредба со лани. Најмногу поради намалениот приход од ТВ правата, поради не играњето во Лигата на Шампионите.
Сепак извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Едвард Вудворд смета дека нема потреба за паника односно се ќе се врати во нормала.Вудворд исто така го истакна и новиот договор за ТВ Правата во премиер лигата во вредност од 513 милиони фунти.
“Новиот договор, кој беше потпишан за тв правата на Премиер Лигата е
зголемен за 70 отсто, што уште еднаш покажува дека сме дел од најсилните
лиги во светот. Иако оваа сезона не играме во Европските
натпреварувања, нашите приходи се уште се многу стабилни, со што се
потврдува нашиот бизнис како успешен модел, година по година.Што се однесува на теренот, нашиот тим е на добра позиција на табелата и
е во добра позиција да заврши меѓу првите четири во Премиер Лигата.е треба да се заборави дека тимот од Олд Трафорд има најмногу фанови во
светот, и дека следната сезона ќе ја носи опремата “Адидас”, а за
следните десет години ќе заработи неверојатни 750,000,000 фунти, што е
најголемиот спонзорски договор во историјата на спортот. “-стои во изјавата на нашиот извршен директор Ед Вудворд
No comments:
Post a Comment