Tuesday, February 10, 2015

Најава: Манчестер Јунајтед-Барнли

 
По нерешениот резултат со Вестхем минатото коло и победата на Арсенал над Лестер, Манчестер Јунајтед на овој натпревар не смее да си дозволи ништо друго освен победа, ако сака да остане на позициите што водат за Лига на шампиони.

Дека Барнли може да биде опасен противник му докажа на Манчестер Јунајтед и предходниот меч оваа сезона.

Досега Манчестер Јунајтед и Барнли се имаат сретнато 121 пат.  Од кои 57 ги добиле Манчестер Јунајтед или Њутан Хит, 44 ги добиле Барнли, а останатите 20 завршиле без победник.

Последната пресметка помеѓу овие два тима заврши без победник. Овој натпревар се одигра на 30 Август 2014 година и заврши со резултат 0:0.

Најголемата победа на Манчетер Јунајтед над овој противник е 5:0. А најголематата победа на тимот на Барнли над црвените ѓаволи е 7:1.

Луис ван Гал на овој натпревар ќе нема да може да смета само на двајца свои играчи Мајкл Керик(поради повреда) и Лук Шо(поради суспензија).

Можен состав:

Де Геа, Рафаел, Џонс, Рохо, Валенсија, Херера, Мата, Руни, Ди Марија, Фалкао, Ван Перси

Стадион: Олд Трафорд
Судија: Кевин Френд
Натпреварот е закажан за 11 Февруари 2015 за од 20:45 часот по македонско време    

No comments:

Post a Comment