Натпревар со тим од долниот дел на табелата. Ова се натпревари на кои Манчестер Јунајтед треба да докаже дека е способен да се бори за Лига на Шампиони.
141 Историски меѓусебен дуел помеѓу овие два тима. Досега 61 победа за Манчестер Јунајтед, 38 нерешени и 41 победа за тимот на Сандарленд. Во премиер лигата пак ова е 29-ти натпревар помеѓу овие два тима досега Манчестер Јунајтед се имаат радувано 19 пати, ,,црните мачки" 3 пати и 6 натпревари завриле без победник.
Првиот меѓусебен дуел помеѓу овие два тима се одиграл на 4 Март 1893 и завршил со победа на тимот на Сандарленд и тоа убедлива со резултат 0-5. Последниот дуел помеѓу овие два тима се одиграл на 24 Август 2014 и завршил со резултат 1-1.
Најголемата победа на Манчестер Јунајтед над Сандарленд е со резултат 5-0 и тоа на неколку пати, додека најголемата победа на Сандарленд над ,,црвените ѓаволи" е со уште по убедли 6-0 и тоа на 4 Април 1893, но на Њукасал Роуд. Најголемата победа на Сандарленд на Олд Трафорд пак им е со резултат 0-3.
Ван Гал на денешната прес конференција истакна дека Ван Перси и Вилсон поради повреди и Керик поради недоволна подготвеност нема да бидат во конбинација за овој меч што значи дека би требало сите останати играчи да бидат подготвени.
Можен состав:
Де Геа, Рафаел, Џонс, Рохо, Мек Неир, Валенсија, Херера, Ди Марија, Фелаини, Јанг, Руни
Стадион: Олд Трафорд
Судија: Роџер Ест
Натпреварот е закажан за 28 Февруари 2015 за 15:00 часот по македонско време
No comments:
Post a Comment