Бразилецот од редовите на Манчестер Јунајтед го фати последниот воз за Бразил односно буквално во последните мигови од трансфер Периодот тој потпиша за Бразилски Интернационал, откако веќе 2-3 години не сметаат на неговите услуги менаџерите на Манчестер Јунајтед.
Тој со Бразилскиот тим потпиша 4 годишен договор, што значи дека би требало овој дрес да го носи до 2019.
Инаку Андерсон во Манчестер Јунајтед пристигна 2007 година. Од тогаш до денес, нанижа 105 настапи, постигна 5 гола во 7-те сезони на Олд Трафорд. А со Манчестер Јунајтед успеа и да освои дури 12 трофри.
Дел од блескавите моменти на Андерсон во Манчестер Јунајтед.
Андерсон во Манчестер Јунајтед пристигна од Порто 2007 година. Кога пристигна многу навивачи експерти го најавуваа како новиот ,,Пол Сколс", но повредите го направија своето и го оддалечија Андерсон од вистинскиот пат.
По неколку не толку блескави сезони Андерсон побарува од Алкес Фергусон да замине некаде за да се докаже, односно да си го исполни сонот кој го имаат сите Бразилци да настапи за репрезентацијата на Бразил, но тоа не се случува. Веќе наредната сезона клубот го превзема Дејвид Мојс, а Андерсон повторно никако да дојде на себе. На почетокот на 2014 беше испратен и на позајмца во Фиоертина, но поради слабите настапи тие го враќаат назад. Летово беше ставен на трансфер листата, но никој не пројави интерес за него и сега конечно заминува во родната земја.
Сега останува да му посакаме многу среќа и брзо враќање на формата што ја знаевме пред неколку години.
No comments:
Post a Comment