Friday, February 6, 2015

Најцрниот ден во историјата на Манчестер Јунајтед, 6 Февруари 1958


Веќе неколку часа на нашата официјална феисбук страна ја имаме ставено оваа фотографија како насловна, повеќето од вас знаат и зошто, а за тие што не знаат ќе можат да прочитаат овде.

На денешен ден 1958 година се случи еден од најкрвавите настани во целата историја на овој клуб, односно на овој ден се случи познатата Минхенска авионска несреќа, од која исходот беа дури 23 жртва(21 на лице место) од кои 8 играчи, 3-ца членови на екипажот на авионот, 8 новинари, 3-ца членови на стручниот тим и еден пријател на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мет Базби.

Несреќата се случила по натпреварот со Црвена Ѕезда од Европскиот Куп. Играчите на Манчестер Јунајтед си обезбедиле полуфинале по победата на домашен терен од 2-1 и во Белград 3-3 доволно за полуфинале. Предходно менаџерот на Англискиот тим побарал одложување на натпреварот со Вулверхелптон бидејќи требнало тој натпревар да се игра само 2 дена по натпреварот со Црвена Ѕезда во Белград, а во тоа време не било толку лесно да се изведе тоа, но тоа било одбиено од страна на Англиската федерација. Затоа било неопходно да се обезбеди брз и директен лет за Манчестер. Така и направиле, но авионот морал да слета за момент на Минхенскиот аеродром за да наполни гориво, каде и се случила несреќата.

По наполнетото гориво авионот пред да полета и се случил судниот момент. Прво капетанот на авионот Тејн забележал дека на левата страна на авионот е зголемен притисокот, кој што варирал кога авионот ја достигнал максималната енергија и моторот звучел чудно при забрзувањето по што се одложило одлетуваето.Три минути подоцна бил направен втор обид, но со 40 секунди од постапката, летот повторно бил откажан пред авионот да се подигне од земјата. Причината за неуспешните обиди бил заедничкиот проблем на авионите од Елизабетанската класа, тоа што моторите работеле со премногу мрсна смеса, предизвикувало преголемо забрзување во моторите. После вториот неуспешен обид, им било кажано на сите патници да се симнат од авионот, и тие се повлекле во чекалната на аеродромот. До тогаш, снегот започнал обилно да паѓа, и изгледало невозможно авионот да ги врати на истиот ден. Данкан Едвардс играчот на Манчестер Јунајтед ја искористил можноста да испрати телеграма на газдарицата на станот во Манчестер. Таа гласела: „Сите летови се откажани, пристигнуваме утре. Данкан“. Капетанот Тејн го информирал Бил Блек, техничарот во станицата, за проблемот со зголеменото бликање во левиот мотор, а Блек предложил дека, единствено решение кое им преостанало е да го задржат авионот во Минхен преку ноќта за одново штелување на моторот, откако директното забавено давање на гасот не успеало. Меѓутоа, Тејн настојувал да се придржува кон распоредот и предложил дека, сосема доволно би било уште побавното давање на гасот. Тоа значело дека авионот не би ја достигнал брзината за полетување се до крајот на пистата, која што била речиси 2 км (1,2 ми) долга, а Тејн бил убеден дека тоа не би претставувало проблем. Поради тоа, и покрај снегот, патниците биле повторно повикани, после 15 минути откако го напуштиле авионот. на третиот обид за полетувањ капетан Тејн и капетан Рејмен, повторно го подмрднале авионот.Потоа тие стапиле во контакт со контролната кула за да ги информираат за нивната одлука. Капетанот Рејмен бавно го дал гасот и ги отпуштил кочниците, како што било договорено, авионот почнал да забрзува. Како што забрзувал авионот, го расфрлал снегот кој што му надоаѓал, а капетанот Тејн се навраќал на брзините од 10 јазли.Потоа Авионот се лизнал на крајот од пистата и надвор од контролата, удрил во оградата која што го опкружувала аеродромот, а потоа преку патот, зафатил една куќа, дом на шестчлено семејство, со што го откорнал левото крило. Во тоа време, таткото и најстарата ќерка биле излезени, а мајката и другите три деца едвај успеале да се спасат додека куќата им ја зафатил оган. Пред да удри левата страна на кабината во дрво, опашката на авионот била делумно откорната. Десната страна на авионот удрила во дрвена колипка во која експлодирал камион, наполнет со гуми и гориво.  Кога видел дека пламените јазици почнале да се јазат околу пилотската кабина, капетанот Тејн се исплашил дека авионот би можел да експлодира од запаленото гориво, па затоа му наредил на неговиот екипаж да ја евакуира областа. Во   кабината за патници, голманот на Манчестер Јунајтед, Хари Грег се освестувал со помислата дека е мртов. Ја почувствувал крвта која што му течела по лицето и не се осмелувал да ги крене рацете нагоре. Помислувал дека горниот дел од главата му бил отстранет како на тврдо варено јајце. Точно над него, зрак ја осветлил кабината, па Грег се упатил кон него и ја удрил дупката, која била доволно широка за да може да се протне низ неа, а успева да го спаси и Боби Чарлтон и уште неколку играчи и патници.

Од страв дека авионот може да експолдира, капетанот Тејн се зафатил да ги носи патниците што е можно подалеку, но голманот Хари Грег останал да ги извлече преживеаните од останатите. Истарагата прво го обвинувала капетанот Тејн за несреќата, тврдејќи дека не успеал да ги одмрзне крилата на авионот, иако очевидците го тврделе сосема спротивното. Подоцна било утврдено дека несреќата всушност, била предизвикана од големата количина снег на пистата, која што го оневозможила полетувањето на авионот.



Капитенот Роџер Брн, Џоф Бент, Марк Џоунс,  Еди Колман, Дејвид Пег, Томи Тејлор и Лиам Велан се играчите кои загинале на лице место додека Дункан Едвардс им поклекнал на повредите во болницата во Минхен. Други жртви од оваа несреќа се и  стјуардот Том Кејбл, копилотот Кенет Рајмент, од персоналот на клубот Валтер Крикмер, Том Кјури и Берт Валеј, новинарите Алф Кларк, Дони Дејвис, Џорџ Фолоус, Томи Џексон, Арчи Лидбрук, Хенри Роуз, Френк Свифт и Ерик Томсон, како и навивачите на клубот Бела Миклош и Вили Сатиноф. Поради тешките повреди играчите  Џони Бери и Џеки Бланшфлауер никогаш повеќе не заиграле фудбал. Мет Базби бил сериозно повреден во несреќата, и морал да остане повеќе од два месеци во болница двапати бил и пред смртна постела. По несреќата повремено имал чувство дека целосно се откажал од фудбалот, се додека неговата жена Џин не му рекла: „Знаеш Мет, момците би сакале ти да продолжиш понатаму.“ Таа изјава го кренала Базби од депресивноста и тој се вратил во Манчестер, за потоа да го крене клубот до светска слава.

 
 Жртви од Минхенската авионска несреќа.


По оваа несреќа управата на црвена ѕвезда  предложила тимот на Манчестер Јунајтед да биде прогласен за званичен шампион, тоа било прифатено од УЕФА, но не и од Англиската федерација.

По оваа несреќа управата на клубот дури мислела да го повлечат клубот од сите натпреварувања, но со ова не се согласил помошниокот на Мет Базби, Џими Марфи. Џими прво побарал од неколку познати клубови играчи на позајмица откако бил одбиен, ги повикал сите млади момчиња од Манчестер. Најдобрите што тој ги проценил веднаш им понудувал договор и тие станувале играчи на Манчестер Јунајтед. Клубот од првата позиција пред несреќата накрај завршува дури на 9-тата позиција, стигнале и до финалето на  Фа купот, но таму биле поразени од Болтон со 2-0.


За оваа позната несреќа снимен е и филм, кој треба да го погледне секој  што себе си се смета фан на Манчестер Јунајтед.




1 comment:

  1. исто така имам разбрано дека Ливерпул е помејгу првите екипи што му понудила помош на нашиот клуб после несреќата поточно играчи на позајмица, што секако е за респект!

    ReplyDelete