Saturday, February 7, 2015
Тажната приказна на Анхел Ди Марија на почетокот од неговата кариера
Аргентимецот, Анхел Ди Марија моментално е еден од најдобрите светски фудбалери. Тој летово го сруши рекордот за најскап трансфер во Англија, откако премина од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед за рекордни 59.7 милиони фунти. Но прочитајте ја неговата приказна, како му било на почетокот од кариерата:
,, Кога почнав да играм за Росарио Централ, ми требаше пола час до тренинг центарот. Мајка ми мораше секој ден да ме носи со велосипед на тренинг. Ама со нас мораше да дојде и мојата помала сестра бидејќи немаше кој да ја чува. Така беше и кога беше зима и кога врнеше дожд... Би ми поверувале ли дека тоа така траеше цели 7 години?"
,,Мојот татко копаше во рудник цели 16 години, се додека не отидов да играм за Бенфика. Бидејќи кога заминав во Бенфика го убедив да прекине со тоа. Беше одлично чувството кога го повикав и му реков: ,,Тато веќе не мора да работиш толку..."
,,Срцето ми се кинеше кога го видев татко ми колку работеше и тренерив за да му олесни. Тој не можеше да игра фудбал, бидејќи доби многу тешка повреда на коленото играјќи за резрвите на Ривер Плате. Затоа мајка ми стално ме потсетуваше колку сум среќен што можам да го работам она што мојот татко цел живот го сонувал.-Анхел Ди Марија
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment