По нерешениот резултат на Манчестер Сити со Хул, му отвара можност на Манчестер Јунатед утре со евентуална победа да му се приближи на својот градски ривал на само 3 бода.
Вестхем на утрешниот меч ќе нема да може да смета на неколку стандардни првотимци. ,,Чеканите" на овој натпревар ќе нема да можат да сметаат на дефанзивците Рид и Колинс. Покрај проблемите со дефанзивната линија Вестхем на овој натпревар нема да може да смета ни на својот напаѓач Енди Керол кој заработил повреда на глуждот на натпреварот со Ливерпул.
Утрешниот натпревар ќе биде 130 меѓусебен историски натпревар помеѓу ови два тима. Досега 61 се редавуале ,,црвените ѓаволи", 42 пати се радувале ,,чеканите" и 27 средби завршиле без победник.
Најголемите победи на Манчестер Јунајтед
над Вестхем се со резултат 7-1 и 6-0 одиграни на 01.04.2000 и 26.01.2003
во рамките на Фа Купот и Премиер Лигата и двете одиграни на Олд
Трафорд.Најголемата победа на Вестхем пак над
Манчестер Јунајтед е на двапати со резултат 4-0 и 5-1, и тоа со резултат
4-0 завршиле сребите на 30.10.1926 во рамките на тогашната лига 2 и на
30 ноември 2010 во рамките на карлинг купот. Додека со 5-1 завршила
средбата која се одиграла на 11.20.1930 во рамките на тогашната Лига
еден. И трите одиграни на Аптон парк.
Најголемата победа пак на ,,чеканите'' на
Олд Трафорд им е со резултат од 0-3. Средба одиграна на 19 март во
далечната 1927-ма година. И оваа во рамките на тогашната прва Англиска
лига.
Што се однесува до составот. Ван Гал на вчерешната прес-конференција изјави дека само Мајкл Керик е повреден и нема да настапи на утрешниот меч што значи дека сите останати ќе можат да се борат за место во тимот.
Можен состав:
Де Геа, Рафаел, Џонс, Рохо, Јанг, Валенсија, Херера, Ди Марија, Мата, Руни, Ван Перси
Стадион: Болин Граунд
Судија: Марк Клатенбург
Натпреварот е закажан за 8 Февруари 2015 односно за 17:15 часот по македоснко време
No comments:
Post a Comment