Во 2-те наши предходни статии,, Њутан Хит Лир и Њутан Хит" ве запознавме за почетоците на нашиот клуб сега во оваа кратка статија сакаме малку да ви позборуваме за почетоците на нашиот градски ривал Манчестер Сити. Не дека е тоа многу не интересира нас како фанови на Манчестер Јунајтед, туку ќе се обидеме да ви направиме една споредба помеѓу овие два најголеми клуба во Манчестер. Односно ќе се обидеме да ви прикажеме што се случувало во Манчестер во тој период секако на фудбалски план.
Предходно ве запознавме дека Манчестер Јунајтед е формиран во 1878, под името ,,Њутан Хит Лир",а потоа во 1892 бил преименуван во ,,Њутан Хит" бидејќи се одвојува од железницата и на крај во 1902, Џон Хенри Дејвис по предлог на фан на клубот го преименува во Манчестер Јунајтед.
Манчестер Сити пак како клуб е формиран во 1880 година(тоа што го гледате погоре на слиакта е првиот тим на Манчестер Сити што некогаш заиграл(1880)), односно 3 години по формирањето на Манчестер Јунајтед и тоа под името Ст. Меркс или во оригинал ,,St. Mark's", потоа во 1887 биле преименувани во ,, Ardwick Association Football Club" и на крај во 1894 биле преименувани во ,,Манчестер Сити".
Она што за нас како фанови на Манчестер Јунајтед е интересно е зошто нив популарно ги нарекуваат ,,граѓани"?
Манчестер Јунајтед во тоа време бил клуб што не може да го следи секој, па луѓето што слабо стоеле со пари морале ако сакаат да следат фудбал да го гледаат другиот клуб од Манчестер, бидејќи билетите за Манчестер Јунајтед биле толку скапи што не можел секој да си дозволи да ги купи. По тоа Манчестер Сити го добиле популарното име ,,граѓани", односно работничка класа, бидејќи како што веќе споманвме речиси секој можел да си дозволи да оди да ги следи, што не било случај и со нивниот градски ривал, Манчестер Јунајтед. Затоа во тоа време стадионот на Манчестер Сити бил речиси секогаш полн до посленото место, што не било случај и кај Јунајтед, но разликата во цената на билетите била голема, односно ,,црвените ѓаволи" биле тим кој го следеле повисокоте класи во Англија во тоа време .
No comments:
Post a Comment