Friday, February 27, 2015

Најава: Манчестер Јунајтед-Сандарленд

http://www.frontgroup.ch/WebRoot/Store/Shops/167952/4FE3/39A8/596A/AC3C/08BA/D91A/30FA/268F/ManU_vs_Sunderland1.jpg 
Натпревар со тим од долниот дел на табелата. Ова се натпревари на кои Манчестер Јунајтед треба да докаже дека е способен да се бори за Лига на Шампиони.

141 Историски меѓусебен дуел помеѓу овие два тима. Досега 61 победа за Манчестер Јунајтед, 38 нерешени и 41 победа за тимот на Сандарленд. Во премиер лигата пак ова е 29-ти натпревар помеѓу овие два тима досега Манчестер Јунајтед се имаат радувано 19 пати, ,,црните мачки" 3 пати и 6 натпревари завриле без победник.

Првиот меѓусебен дуел помеѓу овие два тима се одиграл на 4 Март 1893 и завршил со победа на тимот на Сандарленд и тоа убедлива со резултат 0-5. Последниот дуел помеѓу овие два тима се одиграл на 24 Август 2014 и завршил со резултат 1-1.

Најголемата победа на Манчестер Јунајтед над Сандарленд е со резултат 5-0 и тоа на неколку пати, додека најголемата победа на Сандарленд над ,,црвените ѓаволи" е со уште по убедли 6-0 и тоа на 4 Април 1893, но на Њукасал Роуд. Најголемата победа на Сандарленд на Олд Трафорд пак им е со резултат 0-3.

Ван Гал на денешната прес конференција истакна дека Ван Перси и Вилсон поради повреди и Керик поради недоволна подготвеност нема да бидат во конбинација за овој меч што значи дека би требало сите останати играчи да бидат подготвени.

Можен состав:
Де Геа, Рафаел, Џонс, Рохо, Мек Неир, Валенсија, Херера, Ди Марија, Фелаини, Јанг, Руни

Стадион: Олд Трафорд
Судија: Роџер Ест
Натпреварот е закажан за 28 Февруари 2015 за 15:00 часот по македонско време

Thursday, February 26, 2015

Зошто Манчестер Сити популарно се наречени ,,граѓани" и кои се всушност тие?

 
Во 2-те наши предходни статии,, Њутан Хит Лир и Њутан Хит" ве запознавме за почетоците на нашиот клуб сега во оваа кратка статија сакаме малку да ви позборуваме за почетоците на нашиот градски ривал Манчестер Сити. Не дека е тоа многу не интересира нас како фанови на Манчестер Јунајтед, туку ќе се обидеме да ви направиме една споредба помеѓу овие два најголеми клуба во Манчестер. Односно ќе се обидеме да ви прикажеме што се случувало во Манчестер во тој период секако на фудбалски план.

Предходно ве запознавме дека Манчестер Јунајтед е формиран во 1878, под името ,,Њутан Хит Лир",а потоа во 1892 бил преименуван во ,,Њутан Хит" бидејќи се одвојува од железницата и на крај во 1902, Џон Хенри Дејвис по предлог на фан на клубот го преименува во Манчестер Јунајтед.

Манчестер Сити пак како клуб е формиран во 1880 година(тоа што го гледате погоре на слиакта е првиот тим на Манчестер Сити што некогаш заиграл(1880)), односно 3 години по формирањето на Манчестер Јунајтед и тоа под името Ст. Меркс или во оригинал ,,St. Mark's", потоа во 1887 биле преименувани во ,, Ardwick Association Football Club" и на крај во 1894 биле преименувани во ,,Манчестер Сити".

Она што за нас како фанови на Манчестер Јунајтед е интересно е зошто нив популарно ги нарекуваат ,,граѓани"?

Манчестер Јунајтед во тоа време бил клуб што не може да  го следи секој, па луѓето што слабо стоеле со пари морале ако сакаат да следат фудбал да го гледаат другиот клуб од Манчестер, бидејќи билетите за Манчестер Јунајтед биле толку скапи што не можел секој да си дозволи да ги купи. По тоа Манчестер Сити го добиле популарното име ,,граѓани", односно работничка класа, бидејќи како што веќе споманвме речиси секој можел да си дозволи да оди да ги следи, што не било случај и со нивниот градски ривал, Манчестер Јунајтед. Затоа во тоа време стадионот на Манчестер Сити бил речиси секогаш полн до посленото место, што не било случај и кај Јунајтед, но разликата во цената на билетите била голема, односно ,,црвените ѓаволи" биле тим кој го следеле повисокоте класи во Англија во тоа време .

Friday, February 20, 2015

Најава: Свонси-Манчестер Јунајтед

http://www.bola7up.com/wp-content/uploads/2013/08/timthumb.php_.jpg 
,,Лебедите" се траума за нашиот менаџер Луис Ван Гал, бидејќи тие при самото седнување на клупата на Манчестер Јунајтед му зададоа главоболки поразувајќи го со 2-1 и тоа на Олд Трафорд.

Инаку ова е верувале или не само 25-ти меѓусебен дуел помеѓу овие два тима. Досега 11 натпревари ги имаат добиено црвените ѓаволи, 5 завршиле нерешено и 8 натпревари ги добиле популарните ,,лебеди".

Ова е пак 7 ми меѓусебен премиер лигашки дуел помеѓу овие два тима. Од досегашните 6 одиграни само еднаш се имаат радувано играчите на Свонси. И тоа на 16 Август 2014, односно на последниот натпревар помеѓу овие два тима. Останатите 5 натпревари ги имаат добиено црвените ѓаволи.

Првиот натпревар помеѓу ови два тима се одиграл на 5 Септември во далечната 1931 на Олд Трафорд. Тој натпревар го има добиено тимот на Манчестер Јунајтед со 2-1.

Најголемата победа на Манчестер Јунајтед над Свонси е со резултат 5-1. Натпревар одигран на 4 Декември 1937 година, но на Олд Трафорд. Додека најголемата победа на овој стадион им е со резултат  1-4 и тоа на 17 Август 2013. 

Најголемата победа на Свонси пак над Манчестер Јунајтед им е со резултат 3-1 овој натпревар се одиграл на 16 Јануари 1932 на овој стадион.

Што се однесува до составот на Ван Гал. Не би требало да има некои проблеми со составот освен ако некој се нема повредено на тренинг. Тој денес изјави дека Џонс и Ван Перси ќе бидат во конбинација за овој меч. 

Можен состав:

Де Геа, Валенсија, Џонс, Смолинг, Јанг, Ди Марија, Руни, Херера, Мата, Ван Перси, Фалкао

Судија: Нил Штербик
Стадион: Либерти
Натпреварот е закажан за 21 Февруари 2015 за 16 часот по македонско време

Sunday, February 15, 2015

Најава: Престон Норт Енд-Манчестер Јунајтед

 
Повторно Фа Куп натпревар. По Јеовил Таун и Кенбриџ Јунајтед наред е тимот на Престон Норт Енд.

Инаку за тие што не знаат Престон Норт Енд бил два пати Англиски шампион и тоа првите две сезони по формирањето на првата Англиска дивизија односно сезоните 1888/89 и 1889/90. Но тие застанале на тие две титули кои им останаа единствени до ден денес.

Инаку што се однесува до меѓусебните дуели со Манчестер Јунајтед. Утрешниот ќе биде 76-ти меѓусебен дуел помеѓу овие два тима. Во досегашните 75 натпревари, Манчестер Јунајтед се радуваше 31 пат, 22 пати тимот на Престон, исто толку натпревари завршиле без победник.

Ова исто така е и 9-ти дуел кој се играл во рамките на Фа Купот. Досега Манчестер Јунајтед 4 пати заминале како победници, 2 натпревари завршиле без победник и 2 пати се радувале Престон Норт Енд. Но последната победа на Престон Норт Енд во ова натпреварување е од далечната 1946 година, кога на 30 Јануари го совладаа Манчестер Јунајтед со 3-1. Последна севкупна победа на Престон над Манчестер Јунајтед е од 26 Септември 1959 кога во рамките на Првата Англиска дивизија го совладаа овој противник со резултат 4-0. Од тогаш до денес 5 победи на Манчестер Јунајтед и 3 нерешени средби помеѓу овие два тима.

Првиот дуел помеѓу овие два тима се одиграл на 18 јануари ви далечната 1890 во рамките на Фа купот, тогаш тимот на Престон Норт Енд славел со убедливи 6-1. Додека пак последниот меѓусебен дуел помеѓу овие два тима се одиграл на 5 Февруари 1972 исто така во рамките на Фа Купот тогаш Манчестер Јунајтед славел со 0-2. 

Најголемите победи на Манчестер Јунајтед над овој противник се на неколку пати со 5 гола разлика, додека најголемиот пораз е интересно веќе споменатата прва средба помеѓу овие два тима од 1890-та. Од тогаш па наваму ,,црвените ѓаволи" со овој противник играат се подобро и подобро. Најголемата победа на Манчестер Јунајтед на овој стадион е пак со резултат 1-6. Натпревар одигран на 30 Октомври 1948-ма.

Што се однесува до составот на Манчестер Јунајтед Ван Гал ќе нема да може да смета на Дејли Блинд и Мајкл Керик, а неизвесен е и Фил Џонс.

Можен состав:
Де Геа, Рафаел, Рохо, Смолинг, Шо, Фелаини, Херера, Ди Марија, Руни, Ван Перси, Вилсон

Стадион: Дипдил, Претон 
Судија: Фил Даут 

Натпреварот е закажан за 16 Февруари 2015 за од 20:45 часот по македонско време